Спонтаниот абортус е заедничка борба за многу жени низ светот но емотивниот аспект е често занемарен или игнориран. Француската илустраторка Матилде Лемисле сака да го скрши табуто околу спонтаниот абортус преку нејзините стрипови кои ги составила во една книга со наслов „Моите скоро ништо“. (Mes presques riens) Скоро една на десет жени во светот страда од спонтан абортус што значи дека скоро сите на планетата знаат некој што имал спонтан абортус.
На Инстаграм таа собира сведоштва на жени, ги чита и ги истражува и потоа ги трансформира во емотивни цртежи кои го адресираат спонтаниот аборутс, феминизмот и правата на жените.
Во центарот на книгата е нејзината лична приказна. Таа имала четири спонтани абортуси пред да ја роди нејзината ќерката и за Euronews Culture вели дека се чувствувала изолирана и недоволно информирана за тоа што се случува во нејзиното тело.
„Тоа што најмногу ме изненади на почетокот на создавањето на книгата е тоа што сфатив дека не сум сама. Тоа беше реално откритие за мене, особено затоа што сите сме ги искусите истите работи, истите болки. Тоа беше многу важно за настанувањето на профилот, но и за мојот активизам“.
Цртањето и помогнало да ги преточи чувствата на хартија и конечно да се излечи. Сега таа се надева дека ќе им помогне и на други жени со тоа што ќе им даде простор да ги споделат своите искуства но и помагајќи им да се информираат за спонтаните абортуси.
„Недоволните или неточни информации може да ги стави во опасни ситуации жените. На пример често ни кажуваат дека тоа е исто како обилна менструација, но всушност не е така. На тој начин се минимизира тоа низ што поминуваме и е неприфатливо“, вели таа.
Таа се осврнува на некои чести културни норми, како на пример советот дека на жените често им се вели да не кажуваат дека се трудни додека фетусот не достигне 12 недели, бидејќи потоа можноста за спонтан абортус е помала. Друг пример е дека често се вели дека е како обилна менструација, но таа се осврнува и на однесувањето на пријателите и семејството кои се борат да најдат зборови за ситуацијата и често се однесуваат како спонтаниот абортус да не е ништо. Дури и терминот на француски според Лемисле не е соодветен. Преводот на fausse couche од француски значи „лажно пораѓање“. Таа вели дека со овој термин се засилува и се става вината само на жената што не успеала до крај да ја издржи бременоста и го тривијализира и минимализира искуството. Таа е застапничка да се користат други термини како grossesse arrêtée („стопирана бременост“). Слична дебата има и во англискиот јазик со тоа што се предлага терминот „губење на бременоста“, наспроти спонтан абортус.
Илустраторката верува дека зборувањето отворено за губењето на бременоста е првиот чекор кон нормализирање во општеството и дека таа забележала дека се повеќе луѓе се охрабруваат да зборуваат за сопствените приказни за спонтан абортус.
Во Франција годинава, Националниот совет едногласно донесе нов предлог закон кој дава поголема заштита и поддршка во случај на спонтан абортус. Предлог- законот кој неделава треба да се најде пред Сенатот се очекува да стане закон и ќе донесе за жените платено отсуство од работа во случај на спонтан абортус како и пристап до услуги за ментално здравје покриени со осигурувањето.