Пролетта и убавото време често будат најубави чувства и желба за позитивни промени кај себе, но и во домот, работниот простор и сл. Пролетните реновирање се многу чести, било да станува збор за темелни, големи поправки во домот или ново парче мебел, што ќе ви донесе убава енергија и позитивни мисли. Токму затоа ви ги претставуваме најновите трендови во уредување на ентериери, кои се актуелни во 2024 година.
Пастелно сини тонови
Пастелните тонови на сината боја се дефинитивен тренд за оваа пролет. Оваа боја може да донесе вистинска свежина во вашиот дом, особено ако ја комбинирате со јаки тонови. Смелите бои и текстури се враќаат на голема врата, па затоа бидете храбри во изборот на мебел или додатоци за вашиот дом. Живописните бои, кои ќе создадат визуелно стимулирачки простории, можат да се убава промена и похрабар избор за следење на моменталните трендови.
Природно зеленило, природни текстури и органски облици
Почуствувајте го смирувачкиот ефект на природното зеленило во вашиот дом, уредувајќи го вашето омилено катче во домот, со бујни растенија, природни текстури и разни органски облици, што ќе создадат вистинска оаза во вашиот животен простор. Смирувачките нијанси на зелените и земјени текстури ќе предизвикаат чувство на хармонија и рамнотежа, а органскиот шарм на природните елементи ќе ве поврзе со природата и ќе има големи бенефити за вашата благосостојба.
Ентериери во кои преовладуваат беж тонови
Ентериерите во кои преовладува мебел со беж боја, зрачат со елеганција и софистицираност, создавајќи топол и привлечен амбиент во секој простор. Овие неутрални тонови, нудат голем број на можности и комбинации со различни стилови на дизајн. Без разлика дали беж бојата се користи како доминантна боја на ентериерот или се користи како боја во која се поголемиот број на детали, префинетата софистицираност е крајниот исход. Од нежни беж ѕидови до пријатни беж софи, освежете го вашиот омилен ентериер со суптилниот шарм и разновидноста на оваа класична палета на бои.
Црно бели комбинации
Комбинација од црната и бела боја е вистинска класика во внатрешното уредување, а за класиците често се вели дека никогаш не излегуваат од мода. Но модерните дизајнерски трендови нудат и посложени решенија и комбинации на овие две бои и црно-белиот тандем го дополнуваат со полутонови и игра на текстури. При создавање на црно бели ентериери, акцентот е секогаш на белата боја, како доминантна дополнета со црната на соодветно место. Со правилна комбинација на овие две бои, дополнети со полу тонови ентериерот е експресивен и се задржува чувството за доволно слободен простор, проток на воздух и светлина.
Скандинавски мотиви
Поради сличноста на климатските услови, мотивите на северната природа и скандинавскиот стил, хармонично се вклопуваат со модерните, европски ентериери. Можете да ги вметнувате постепено, на пример шарени ќилими или перници со хиге реси, навлаки за перници со текстура. Но можете да изберете скандинавска софа или голема трпезариска маса во смирена неутрална палета, која ќе асоцира на природните тонови на дрво и камен.
Максимализам
Максималистичките ентериери масовно почнаа да се практикуваат во внатрешното уредување кон крајот на минатата година, а оваа година станаа вистински тренд. Спротиставени принтови, јаки, светли бои, различни дезени и написи, се начин да се изрази индивидуалноста на сопственикот на домот. За разлика на минимализмот кој се фокусира на едноставноста, чисти линии и форми, максимализмот ужива во вишок, вметнувајќи еклектичен микс на бои, дезени и декоративни елементи за да создаде визуелно стимулирачки простори. Често во овој стил на уредување се мешаат различни епохи и елемнти на уредување, за да се создаде уникатна естетика.
Парчиња мебел, текстил и додатоци од сите најнови трендови, но и многу други може да најдете и кај нас, во широката палета на производи што ги нуди Велеа Хоум.
“Велеа Хоум е компанија со повеќе од 35 години историја во производството и трговијата со мебел за домот, канцеларии и хотели. Оваа модерна компанија благодарение на сопствената логистичка мрежа, месечно доставува повеќе од 90.000 производи, со сигурен и безбеден транспорт и прецизна монтажа. Благодарение на современите дизајни, квалитетните материјали што се користат за производство, Велеа Хоум ги развива своите активности на шест пазари, во Северна Македонија, Албанија, Грција, Романија, Бугарија и Унгарија. Оваа компанија својата инспиративна бизнис приказна ја започна во мала семејна работилница и прерасна во интернационална компанија со повеќе од 1600 вработени и можности за уште поголем развој во иднина, затоа што постојано инвестира во нови производи, партнери и во вработените.
Неодамна Велеа Хоум го отвори првиот продажен салон во Скопје, каде можете да добиете голем број на идеи и совети, и да одберете од богатиот асортиман на мебел, душеци, додатоци за домот, декорации и текстил за вашиот дом, канцеларии или хотели.
Ние ви посочивме неколку предлози кои ги содржат производите од Велea Хоум, а кои носат големи бенефити при нивното користење.
Повелете во салонот на Велеа Хоум на: Бул. Киро Глигоров број 13, секој работен ден од 10-20ч. и во сабота од 10-16ч.”