Шведскиот моден бренд H&M пред две години, на големо задоволство на македонските купувачи пристигна на македонскиот пазар. Препознатливиот квалитет, големата понуда на различните линии од овој бренд и модните новитети што се нудат во секоја колекција на H&M го прават омилен бренд на многу луѓе ширум светот.
Токму поради тоа по првиот продажен салон на H&M во East Gate Mall, беше отворен втор во Diamond Mall, а веќе на 7-ми март во 10 часот во трговскиот центар Skopje City Mall ќе бидат отворени вратите на светскиот, моден гигант со уште една, трета продавница со површина од 1,447 м². Овде сите љубители на асортиманот на H&M ќе имаат можност да пронајдат врвни модни парчиња за себе и целото свое семејство.
Со цел да го најавиме ова големо отворање, но и истивремено да ги истакнеме модните парчиња и големиот избор што го нудат новите колекци на H&M креативниот тим на Портрет имаше можност да изведе фотосесија заедно со амбасадорите на овој бренд во нашата земја, инфлуенсерите: Антонија Локвенец, Majestic, Октај Сејди, Маја Кикириткова и Стефан Спирковски. Модните комбинации што ги избраа најдобро го истакнуваат нивниот личен израз и секако можат да бидат инспирација за сите купувачи.
Уживајте во нивните фотографии и не заборавајте да дојдете на 7-ми март во 10часот во новата продавница на H&M во Skopje City Mall, каде што ве чекаат возбудливи изненадувања и забава за целото семејство.
Клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина, од денот на отворањето до недела, 10-ти март. Дополнително, првите 100 клиенти ќе освојат подарочни картички во вредност од 650МКД.За музиката ќе се задолжени Еми Ермилова и DJ Dimish а ќе има и голем број активности за деца, како боење на лицето, изработка на подароци, хартиени рози и сл.
Продукција: Портрет
Фотографка: Александра Костадиновска
Стилистка: Бојана Максимовска
Шминка и фризура: Бобан Тодоровски