На 23 jули, на Немо плажата во Охрид, Heineken Green Beach Ohrid Lake Festival е повторно тука да го обележи летото за сите љубители на одличната денс музика. Директно од Украина доаѓа NASTIA, најзвучното диџејско име во моментов, заедно со една од најталентираните балкански диџејки Kiki Botonaki и домашна поддршка од Dj Nikifor, Lephonq и Јorgos Mitropetros.
„После подолг период, ова лето, во Охрид, го имаме најдобриот музички настан! Се погриживме изборот на DJ-и да оформи една стилска целина која ќе овозможи исклучително уживање во нивната презентација. Грин бич Охрид лејк фестивал, се враќа во Охрид, на плажата Немо, за супер летно уживање. Изненадени сме од интересот на публиката, картите се скоро распродадени! Очекуваме фестивалот да биде обележје за ова лето“, изјави организаторот.
Сите заинтересирани, карти за настанот може да купат на продажни места објавени на социјалните медиуми на фестивалот и онлајн на kupikartizase.com и на karti.com.mk.
За повеќе информации проверети ги нивните социјални мрежи Facebook и Instagram за повеќе информации.