На 19 и 20 септември, Попова Шапка повторно ќе стане место за средба, дружење и создавање убави спомени во природа. По петти пат, ПроШарај ги повикува сите – од најмали до најстари, од искусни планинари до оние кои допрва сакаат да ја запознаат планината – да ѝ се приближат на Шара на свој начин.
ПроШарај е настан создаден од љубов кон планината, природата, семејството и заедницата. Тој е потсетник дека планината не мора да биде далечна, непозната или резервирана само за најхрабрите. Напротив, таа може да биде место каде што ќе поминеме убав ден, ќе запознаеме нови луѓе, ќе научиме нешто ново, ќе се одмориме од секојдневието и ќе создадеме своја лична врска со Шара.
Во текот на викендот, во дворот на „Конак“ на Попова Шапка, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна програма наменета за различни интереси и возрасти. Нè очекуваат кратки планинарски тури и прошетки, активности на отворено, пилатес на Шара, возење електрични велосипеди, креативни работилници, планински базар, музика, квизови, фотографирање и многу простор за спонтано дружење, запоснавање нови луѓе и расмена на идеи.


Настанот е од отворен тип и достапен за сите, без продажба на влезници. Неговата цел е да ги доближи луѓето до планината преку активности што се топли, едноставни, забавни и инклузивни – особено за оние кои можеби досега не се гледале себеси како „планинарски тип“.
ПроШарај не е само уште еден настан на планина. Тој е заедничко искуство и мал потсетник дека природата е тука за сите нас. За семејствата кои сакаат да поминат викенд на планина заедно. За пријателите кои бараат поинакво дружење. За децата кои треба да ја почувствуваат радоста на слободното движење. За оние кои сакаат да направат нешто креативно. И за сите што сакаат повторно да се поврзат со себе, со другите и со Шара.
На 19 и 20 септември се гледаме на Попова Шапка.
Да прошетаме. Да се дружиме. Да создадеме. Да ја чуваме Шара.



