Опиши се со една реченица… Подобро би ме опишале луѓето што вистински ме познаваат.
Првата средба со саксoфонот беше… На 13 години ја остварив мојата прва средба со саксофонот и можам да кажам дека беше љубов на прв поглед.
Музиката за мене претставува… Дефинитвно на неа не гледам само како професија, туку и како начин на кој најдобро можам да се изразам самата себе.
Песна што можам да ја слушам секој ден… „Leave the Light On“ – Beth Hart.
Најкул место кај што сум настапувала… Street Performance во Берлин.
Да си дел од музичко семејство значи… Го сметам како голем бенефит и дел од моето знаење и градење како музичар-изведувач. Најчесто музиката ни е топ тема!
Карактерна особина со која се гордеам… И покрај брзиот ритам на живеење, знам да бидам трпелива.
Најинспиративна личност што ја познавам… Секојдневно наоѓам инцпирација од различни луѓе и нивните дела.
Моментaлно најмногу ме нервира… Бавниот процес на освестувањето кај луѓето за уништувањето на природата, а со тоа и самото човештво. А и секогаш луѓето што велаат саксАфон наместо саксОфон 🙂
Дефиниција за успех во твојата професија… Како и за секоја друга: Љубов, страст и посветеност!
Филм кој најмногу емотивно ме допрел… Мм.. Сигурно ќе звучам клише, но би рекла Титаник, иако најголем удел од комплетната содржина на филмот која најемотивно ме погодува припаѓа на музиката.
Збор кој најчесто го користам… Мааале (хахах) преведено од струмичики – лелее.
Инстаграм или Твитер… – Инстаграм, немам Твитер 🙂
Најкорисниот совет што сум го добила… Советот од моите родители: – Сè си доаѓа во свое време.
За своја душа сакам да… Да поминувам време самата со себе, подалеку од секојдневниот метеж и луѓе.
Најголемата предрасуда што ја имаат луѓето за музичарите е… Повеќето луѓе мислат дека само си „свиркаме“.