Овој пат со здравите намирници од Olympus и Food Bar, фитнес инструкторката Елена Бубало, приготви предлог ужинка, во која ќе може вистински да уживате бидејќи, е брза, лесна и избалансирана со нутритиенти.
Подготовката на ужинката е секогаш проблем за како да ја направиме избалансирана и здрава. Секогаш кога ќе ни се пријаде најлесно е да се фатиме за нешто нездраво. Затоа предлог што секаде може да го имате и да се подготви:
Парче леб без брашно намачкано со cottage cheese од Olympus, одозгора свежи боровинки или малини на Food Bar и на крај малку здрави масти со една лажичка путер од кикирики.
Уживајте во вкусовите!