Забавниот парк посветен на легендарната јапонска анимациска куќа Студио Гибли ќе биде отворен на 1 ноември во Нагакуте, Јапонија, објавија на официјалниот Твитер на компанијата. Плановите за забавниот парк, кој не е ист со музејот Гибли во Митака, првично беа објавени во 2017 година.
Паркот Гибли ќе биде лоциран на саемот од 2005 година во градот Нагакут. Креација од куќата на Сатсуки и Меи, од анимираниот филм Мојот сосед Тоторо, е веќе изграден на тоа место, но паркот ќе биде проширен со нови атракции на основа на Гибли филмовите.
На Твитер од анимациското студио објавија фотографии од атракциите кои веќе се во изградба. Има антички продавници според тие во Шепотот на срцето како и складиште со места за изложби и театар. Другите атракции ќе бидеат инспирирани од Принцезата Мононоки, Подвижниот замок на Хоул, и Сервисот за достава на Кики.
Отворањето на забавниот парк „Гибли“ доаѓа по една година откако уште еден јапонски бренд, Нинтендо отвори сопствен забавен парк во Universal Studios Japan во Осака.
Извор: theverge.com