Мојот стил би го опишала како…dark, го чувствувам како некој одбранбен механизам. Црната облека ми дава некое чувство на моќ и ме прави полна со себе.
Омилено парче облека што го поседувам… секако Namilia Trumpocalypse топот.
Најчесто купувам облека од… онлајн сајтови.
Инспирација наоѓам во… пред сè во себе, а потоа и во сè што се наоѓа околу мене, во punk сцената и тој dark Tokyo streetwear.
Струмица ја сакам заради… спомените кои ги имам во него и луѓето кои ми се драги.
А не ја сакам заради… има премногу лоша енергија и не се прифаќа различност.
Омилен лик од македонската модна сцена… Теодора Митровска ги има нај sick дизајните.
На Инстаграм најмногу лајкам… memes.
Парче облека што би сакала да го имам… секое парче од Namilia.
Никогаш не би облекла… нешто премногу simple.
На мојата шопинг листа се наоѓаат… new platform shoes.
А на мојата плеј листа… Nothing, Nowhere.