Стивен Спилберг со новата адаптација на мјузиклот „Приказната од западната страна“ (West Side Story), бродвејска претстава од 1957 година и филм од 1961 година, достигнува нова пресвртница во американската филмска историја, инсистирајќи на автентични латино актери.
Тој барал млади латино артисти и истражувал што се случувало и каков бил животот на Порториканците во 60-тите во Њујорк.
Оригиналниот филм од 1961 година, љубовна прикaзна налик на „Ромео и Јулија“, што вклучува две банди, белците „Џетс“ и Порториканците „Шаркс“, освои 10 оскари, но само една актерка во главните улоги, Рита Морено која ја глумеше Анита, беше латино актерка. Таа доби и Оскар за својата улога.
Улогата на Мариа, младата Порториканка која се заљубува во белецот Тони, во оригиналниот филм ја глуми Натали Вуд, а во новата верзија ја глуми латино пејачката и актерка Рејчел Зиглер.
„Сакав да биде автентично, сите актери кои ги глумат, момците и девојките од бандата „Шарк“ да бидат 100 проценти латино и да бидат млади“, вели Спилберг.
Тој филмската екипа ја бирал повеќе од една година, вклучувајќи ги и Латинска Америка и Австралија. Дваесет членови од филмската екипа се Порториканци, вклучувајќи ја и Рита Морено, која во оваа адаптација има друга улога.
Некои од филмските сцени се целосно на шпански дијалект без превод. Премиерата на филмот во САД е денес, се очекува да достигне голем успех, а се споменува и номинација за Оскар.
Извор: reuters.com