Од компанијата Пантон која веќе 23 години прогласува боја на годината, за следната 2022 година ја избраа „вери пери“ боја помеѓу лаванда и сина боја со поттонови од црвена. Нивниот избор на боја на годината влијае врз развој на производите во голем број индустрии, од модата и декорирање на домот, преку индустрискиот и графичкиот дизајн. Ова е прв пат компанијата да создаде нова боја, наместо да избере од досегашната палета на бои.
Во официјално соопштение до јавноста, Пантон објаснија дека бојата на годината ја претставува „транзицијата низ која сите поминуваме“.
„Како што излегуваме од интезивен период на изолација, нашите стандарди се менуваат и нашето физички и дигитални животи се изменија на различни начни. Дигиталниот дизајн ни помага да ги прошириме границите на реалноста, отварајќи ја вратата до нов динамичен виртуелен свет кој можеме да го истражиме и да креираме нови можности за боите“, кажаа од компанијата.
Компанијата има тековна соработка со Мајкрософт, така што новата „Вери Пери“ боја треба во блиска иднина да се најде како главната нијанса на производите како „PowerPoint“, „Windows“, „Edge“ и „Teams“.
Извор: today.com