Викендов во Скопје се отвори продажниот салон на реномираниот бренд за плочки и санитарија PORCELANА.
PORCELANА е членка на Групацијата Хац, грчка групација на компании активна на меѓународниот пазар повеќе од 40 години, која во Грција ги претставува најголемите и најважните брендови поврзани со уредувањето на станбен и деловен простор.
Производите на PORCELANА се карактеризираат со висок квалитет, врвни карактеристики и неспоредлив дизајн за совршено да се истакнат и да одговараат на секој ентериер. Тие се поделени во четири категории кои заедно ги покриваат севкупните потреби за уредување на Вашиот простор.
„Горди сме што успеавме да го донесеме овој реномиран бренд во Македонија и да им овозможиме на нашите клиенти избор кој го заслужуваат, како и можност да добијат целосна услуга на едно место. Клиентите кај нас ќе добијат целосно решение за дизајн на станбен или комерцијален ентериер – од проектирање до техничка поддршка при имплементација на нашите производи. Истражувањето и следењето на новите трендови и производи е наш приоритет во процесот на дизајнирање и проектирање. Огромната понуда на производи која ќе биде достапна, од кои голем дел и за прв пат на нашиот пазар, овозможува неограничени можности за врвен дизајн на ентериер за секаков вид проекти“, истакнаа од менаџментот на PORCELANА во Македонија “
Целта на PORCELANА е да понуди комплетни решенија за домот, земајќи ја предвид целосната покриеност на потребите на производителот, архитектот, дизајнерот, но пред сè на крајниот потрошувач, давајќи им можност да го обликуваат својот простор со најдобра вредност за дадениот влог.
Новиот продажен салон се наоѓа на ул. Владимир Полежиновски бр.9 лок 3, веднаш позади ТЦ. Буњаковец.
Погледнете ги производите на Porcelana на Инстаграм и Фејсбук.