Elixir се првиот македонски ланец на парфимерии кои својата прва парфимерија ја има отворено во 2004 година. Сите овие години купувачите ги препознаваа по виолетовата боја и лого, а на 06.10 ги отворија вратите на нивната реновирана и ребрендирана Elixir парфимерија во центарот на Скопје – Градски Трговски Центар.
Она што најпрво ќе го забележите е модерниот и топол ентериер кој ги воодушеви посетителите, пропратен со модернистички индустријални елементи, топли бои на мебелот и зеленила кои го разубавуваат просторот и прават да се чувствувате како дома. Во делот на асортиманот, како и до сега тука ќе ги пронајдете вашите омилени парфеми од Gucci, YSL, Lancôme, Giorgio Armani, Boss но она што е ново и најмногу им го одзема вниманието на посетителите е делот за професионална нега на коса од брендовите Kerastase, L`Oreal Professionnel и Matrix. Во Elixir ГТЦ не само што ќе се продаваат нивните производи за коса, туку ќе има и дијагностика на скалпот и должината а согласно по потребите ќе се прават и персонализирани ритуали и третмани за коса.
Сите посетители имаат можност да поразговаат со специјалист едукатор за овие брендови и соодветно да добијат совет во зависност од нивните проблеми и потреби во делот на нега на коса.