„Guam“ е бренд што многу години на пазарот нуди производи што имаат голема ефикасност во борбата против целулитот и масните наслаги. За предностите на ваквиот вид козметика поразговаравме со Елеонора Ефтимова Перовски.
„Guam“ е компанија што со години го држи рекордното прво место на светско ниво за најефикасна козметика во борба против целулитот. Што мислите дека е пресудно за ваквиот успех?
Примарно е посветеноста, традицијата и многу научни истражувања, висококвалитетен тим од експерти во својата област, како и сертификати од повеќе престижни универзитети. Потоа, алгата Марина (која е основата на сите производи), која е единствена како вид алга по својот состав, односно дејство.
И покрај прецизните истражувања, дури и откако ќе се добие дозвола за производот, сепак, пред да биде пуштен во продажба, се прави тестирање на доброволци кои ги користат производите, па оттаму статистички се вади табела/и за ефикасност.
Табелите за ефикасност се обновуваат во континуитет согласно искуствата на корисниците. Повеќе од триесет и седум години, рецептот за кал од морски алги остана непроменет, видот на користени алги останува ист, собран во океаните со традиционален метод. Почнувајќи од мај, кога алгите се млади и витални, бербата почнува на бродови со древен инструмент („скубиду“): алгите се собираат и се вадат од морското дно без да му наштетат на мајчиното растение, а потоа се ослободуваат од водата. Изнесени на брегот, тие се рамномерно распоредени на големи полиња за да се исушат на сонцето и на океанскиот ветер. Последователно, алгите се мелат и се мешаат со другите состојки преку ригорозно ладни процедури, за да се одржат непроменети оригиналните својства и карактеристики.
Во широката палета на производи нудите голем број редуктори на целулитот и масните наслаги. На кој принцип функционираат тие?
Како што посочив погоре, основата е алга „Марина“, која има повеќе својства и широк спектар на дејствување. Алгите стимулираат, ги тонизираат ендокрините жлезди и на тој начин се борат со стареењето. Реминерализирачки, циркулаторни, богати се со антиревматски, антиинфективни сили… Нивните индикации се многубројни: аденитис, лимфатизам, општа предиспозиција за болести, превенција и третман на кардиоваскуларни заболувања, дебелина, целулит. Во секоја формулација (производ) има основа алги и согласно линијата може да биде комбинација од морска сол, чисти етерични масла, вода од извори што содржат ретки минерали и сл.
Секој производ е различен. За да може правилно да се таргетира, односно да се избере производ, важно е дали корисникот сака да дејствува на целото тело или на одредена област, дали има проблематични вени, капилари, дали има отоци (задршка на вода), дали е во период на бременост или лактација, возраст и сл. Согласно погорепосочените состојби, се таргетира производот/ите.
Кои се предностите на редовно консумирање на детокс суплементи?
Детоксикација е чистење на организмот од токсини, тешки метали и вишок течности, кои се акумулираат и се внесуваат секојдневно во организмот преку храната, пијалаците, цигарите, алкохолот и лековите. Детоксикацијата на организмот ги ревитализира клетките и ја подобрува функцијата на органите. Детоксикацијата има позитивен ефект врз зголемувањето на енергијата, концентрацијата, менталниот капацитет, слабеењето, целулитот и кожата.
„Guam“ нуди и конфекциска линија во борбата со масните наслаги, како хеланки и хулахопки. На кој принцип помагаат тие во борбата за мазна и негувана кожа?
Сите хеланки, килоти, хулахопки, односно целата конфекција е направена на принцип Емана технологија или Емана-паметна технологија на текстил.
Благодарение на биоактивните минерали во ДНК на предивото, хеланките со влакна Емана ја претвораат топлината на човечкото тело во далечни инфрацрвени зраци и ги испуштаат (враќаат) назад во телото, стимулирајќи ја микроциркулацијата. Покрај мазниот и мек допир, Емана му дава на носителот помазен и помлад изглед на кожата, го намалува целулитот и помага да се подобрат спортските перформанси.