Нов тренд на ТикТок ги предизвикува досегашните нереални очекувања од филтрите за убавина, осврнувајќи се на природниот изглед. Филтрите на социјалните мрежи достигнаа ниво на менување на лицето на корисниците во дистописки стандарди за убавина, без разлика дали се поголеми усни, намалени носеви или беспрекорна кожа и долги трепки. Иако овие филтри не се реални, истражувањата покажуваат дека имаат големо влијание на менталното здравје и самодовербата.
Фразата „Снепчет дисморфија“ почна да се употребува кога козметичките хирурзи забележале дека сè повеќе луѓе покажувале селфиња со филтри на консултации, со надеж дека ќе можат да го добијат тој изглед во вистинскиот живот. Истражување спроведено од компанијата „Dove“ покажало дека 50 проценти од младите девојки веруваат дека не изгледуваат доволно добро без фотографијата да биде едитирана, а 60 проценти се вознемируваат кога нивниот реален изглед не е ист како дигиталната верзија.
Токму затоа новиот тренд на ТикТок е освежувачка промена. Се смета дека е најздравиот тренд на апликацијата и ги поттикнува луѓето да ги избегнат филтрите во корист на природниот изглед.
Со зборовите на песната Tear in My Heart од Twenty One Pilots ( “The songs on the radio are okay/ But my taste in music is your face“) новите видеа покажуваат како почнувајќи со филтер кој им дава целосен мејкап и smokey еye изглед, го тргнуваат филтерот од лицето и го покажуваат вистинското лице без филтри и шминка. Трендот стана популарен меѓу многу корисници на апликацијата кои го нарекуваат здрав и сладок.
Како што трендот во 2020 ги славеше „непосакуваните“ физички карактеристики преку историски слики и уметнички дела, последниот тренд покажува дека социјалните мрежи можат многу да имаат и позитивно влијание.
Погледнете го видеото.