Популарната британска историска драма „Последното кралство“ (The Last Kingdom) на Нетфликс се смета, според фановите за една од „најдобрите серии во историјата“ после епската завршница, а споредувана е и со „Игра на тронови“ (Game of Thrones).
Последната 5 сезона од серијата излезе минатиот месец на Нетфликс и сè уште е во британските топ 10 серии на платформата. Викендот на премиерата (9 март) била гледана 63.5 милиони часови, а во периодот од 14 март до 20 март била гледана 48 милиони 950 илјади часови.
Базирана на книгите The Saxon Stories од авторот Бернар Корнвел, шоуто создаде многу фанови по првата епизода во 2015 година.
Дејството се одвива за време на втората половина на 9 век во Англо-саксонска Англија и го следи младиот Утред (Александер Дрејмон) и инвазијата на Викинзите од Данска.
Заробен како дете од страна на Викинзите и израснат заедно со нив, Утред се идентификува како Данец но со лојалноста се наоѓа и меѓу нив но и меѓу последното саксонско кралство Весекс и неговото родено право врз територијата Бебанбург.
Корисниците на Твитер остават само позитивни коментари за завршницата на серијата:
„’Последното кралство’ ми е омилена серија на Нетфликс. Крајот е далеку подобар од ‘Игра на тронови’“.
„Колку добра серија. Последната сцена од последната епизода ме доведе на раб на солзи. Секој што не ја гледал не знае што пропушта. 10/10“.
„’Последното кралство’ на Нетфликс… едноставно WOW“.
„’Последното кралство’ го има она што требаше да го има во финалето на ‘Игра на тронови’. Каква завршница!“.
„’Игра на тронови’ избрза со завршницата, за разлика од ‘Последното кралство’ што е конзистентно одлична“.
Фановите со нетрпение го очекуваат филмот во продолжение „Седум кралеви мора да умрат“ (Seven Kings Must Die), а неодамна главниот актер Дрејмон сподели на Инстаграм дека е завршено снимањето.