• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

Annie’s Food Feed – Пудинг од мандарини

јануари 19, 2021

Види

Бојан Јанев DJ Soul Case – „Најдобрите забави се без претенциозност и его, со публика што сака да излезе од комфортот“

јануари 19, 2021

Види

Архитектките Милојеска, Мицевска и Андонова – „Градскиот ѕид е урбанистички гест и го обвиткува како бедем центарот на Скопје“

јануари 18, 2021

Види

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

јануари 15, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Живот и Култура, Новости

МЕЛЕЕМ – „Нашата реалност се сведува на згради коишто немаат однос со улицата и јавниот простор“
Автор: Марта Стевковска

декември 29, 2020

МЕЛЕЕМ – „Нашата реалност се сведува на згради коишто немаат однос со улицата и јавниот простор“

Пред неколку години во Скопје и во други градови низ Македонија почнаа да „никнуваат“ урбани интервенции, како на пример во студентскиот дом „Пелагонија“,  како и во Штип, во Битола, во Тетово.. „Виновниците“ позади овие мали архитектонски уредувања на јавните простори се МЕЛЕЕМ, организација на млади архитекти и студенти по архитектура кои се залагаат за поголемо присуство на јавни простори во планирањето на било какви нови објекти или реупотреба на веќе постоечки објекти. Поразговараме со нив за урбаните архитектонски решенија како и за тоа зашто се потребни во еден град.

Како дојдовте до идејата за основање на МЕЛЕЕМ и која е основната цел?

Идејата започна во 2013 година кoга ние како тогаш студенти чувствувавме недостаток од платформа, или простор за младитe луѓе за развој на урбаната култура во јавниот простор на градовите во нашата земја. Првиот настан кој го организиравме беше „Домот е наш“, каде архитектот кој неодамна почина Георги Константиновски одржа предавање во средишното плато на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Идејата беше да ги извадиме професионалците на улица, во маало, во парк и тие да зборуваат за архитектурата, за јавниот простор, како и поактивно вклучување на младите луѓе во креирање на овие јавни простори.

Што треба да се смени во архитектонските решенија кај нас, на што треба да се обрне повеќе внимание?

Она за кое ние се залагаме е поголемо присуство на јавни простори во планирањето на било какви нови објекти или реупотреба на веќе постоечки објекти. Нашата реалност се сведува на згради коишто немаат однос со улицата и јавниот простор. Ова е важно за менталното здравје на сите граѓани од најмлади до највозрасни. Важно е секоја станбена зграда да има пешачка улица, мало паркче, плоштадче, велосипедска патека и доволно паркинг места за автомобилите. Исто така, оние кои веќе постојат да се препознаат и да се внесат доволно активности за граѓаните да можат да го искористат тој потенцијал. Посебно ова е важно во времето на пандемија каде јавниот отворен простор остана главен простор за социјализација.

Кои места треба кај нас да добијат нови решенија и да се урбанизираат?

Многу места се такви и доколку почнеме да набројуваме нема да има место во ова интервју. Меѓутоа ќе ги спомнеме оние на кои веќе имаме работено и за кои собираме средства за да се реализираат како: плоштад „Балет“, парк „Форум“ и дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

На какви проекти досега имате работено и каков е интересот кај нас за реализација на урбаната архитектура?

Досега имаме работено на дизајн и реализација на мали урбани интервенции во повеќе јавни простори во Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Штип и Белград. За време на реализацијата на овие проекти секогаш биле вклучени многу млади луѓе, како во дизајнот, така и во самата изработка на локација. Со самите вакви активности младите луѓе имаат шанса да посведочат подобрување на нивниот град и да бидат активни дејствувачи во тоа. Ние сме организација на млади архитекти и студенти по архитектура која што има динамична и променлива структура и тоа не прави побогати и сите проекти ги прави различни и уникатни. Се надеваме дека во иднина ќе постојат повеќе вакви проекти.

Дали може да наведете градови во светот кои се пример за урбана архитектура?

Многу градови, но пред сè би ја издвоиле Барселона. Барселона е град во кој што може да се почуствува активноста на младите луѓе во јавниот простор. Со голем број на активистички проекти и уметнички интервенции овој град е одлик на порив на млада енергија, како и звук на тркала на скејтери.

На што се фокусирате во моментов и какви се вашите планови за идни проекти?

Во моментов се фокусираме на собирање средства за урбани интервенции во Скопје преку донации. Сите заинтересирани кои сакаат да помогнат во реализација на подобри јавни простори за нашиот град преку активна партиципација на млади луѓе, слободно можат да нè контактираат (линк до Фејсбук профил).

Сподели

Претходен напис

Премиера на претставата „Последната…

Во Живот и Култура

Премиера на претставата „Последната лента на Крап“

Прочитајте повеќе

Следен напис

Двојнa експлозија од вкусови со…

Во Новости

Двојнa експлозија од вкусови со десертот Double Choco

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Новости

Annie’s Food Feed – Пудинг од мандарини

Прочитајте повеќе

Во Музика

Бојан Јанев DJ Soul Case – „Најдобрите забави се без претенциозност и его, со публика што сака да излезе од комфортот“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Архитектките Милојеска, Мицевска и Андонова – „Градскиот ѕид е урбанистички гест и го обвиткува како бедем центарот на Скопје“

Прочитајте повеќе

Во Новости

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Елена и Игор Петрови: „Чудата се можни само со позитивна мисла“

август 12, 2020

Види

TrekkМe – Две девојки кои нудат незаборавни домашни вкусови и уникатни планинарски тури од Охрид

јули 31, 2020

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

октомври 23, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment