Светло и темно, црно и бело се класичен пример на спротивности, освен се разбира кога зборуваме за чоколадо. Во тој случај чоколаден и бел крем се вистинско уживање и задоволување на сите сетила. Double Choco десертот од Dolcela содржи два вида на крем, светол и темен и секој што ќе го проба ќе доживее двојно задоволство. За само неколку минути направете неодолив десерт што ќе го послужите во украсни садови и ќе ги одушевите вашите блиски. Совршена хармонија на светла и темна чоколада!
А празниците се време за да подготвите вкусно благо бидејќи секој има право на благо! Новитетите од Dolcela особено крем десертите се светски познати десертни класици кои не треба да се готват, се готови многу брзо и може да ги подготвите непосредно пред послужување.
Освен како самостоен десерт, Double Choco може да биде и дел од некоја торта и колач, како на пример во оваа брза Double Choco торта . Подгответе го кремот во комбинација со тесто со лешници и уживајте во комбинацијата од слатки вкусови.
Состојки:
За тесто:
20 г Podravka Glatko брашно
1 кафена лажичка Dolcela прашок за пециво
2 кафени лажички какао во прав
80 г мелени лешници
2 јајца
прстофат сол
60 г шеќер
40 г путер
50 мл млеко
За крем:
1 Dolcela Double choco десерт
400 мл млеко
200 мл слатка павлака
За ганаш:
140 мл слатка павлака
120 г чоколадa
Подготовка:
Прво подгответе го тестото. Брашното помешајте го со прашакот за пециво, какаото и лешниците. Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги белките додека не добиете цврст шлаг и додадете прстофат сол. Со постепено мешанње додадете го шеќерот додека не добиете пена. Полека измешајте ги жолчките, а потоа и растопениот путер, млекото и смесата од лешници.
Тестото ставете го во калап за торта намачкан и прекриен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 160 Целзиусови степени околу 20 минути. Оставете го тестото да се излади, извадете ја хартијата за печење и вратете го во калапот.
За подготовката на светлиот крем во сад додадете 200 мл ладно млеко и 100 мл слатка павлака и додајте ја мешавината за подготвка на светлиот десерт. Мешајте со електричен миксер на средна брзина точно една минута. Кремот нанесете го на тестото. За подготовка на темниот крем во друг зад ставете 200 мл ладно млеко и 100 мл слатка павлака и додајте ја мешавината за темниот дел од десертот. Мешајте со електричен миксер на средна брзина точно една минута. Готовиот крем потоа нанесете го врз светлиот крем.
Оставете ја тортата најмалку 30 минути пред да го извадите калапот и да прелиете со ганаш. За ганашот слатката павлата загрејте ја до вриење и прелијте ја преку исечканата чоколада. Помешајте да се стопи чоколадата и прелијте преку тортата.
Послужување: Можете да ја украсите тортата со исечкани лешници или чоколадни трошки.
Совет: Чоколадното тесто можете уште поедноставно да го подготвите до Dolcela чоколадните мафини на кои е потребно да додадете лешници.