Излезе долгоозборуваната колекција помеѓу Nike и брендот за накит Tiffany & Co заедно со додатоци од сребро. По разните шпекулации и истечените фотографии од патиките викендов, брендовите објавија на социјалните мрежи кутија за патики во препознатливата сина Tiffany боја и со тоа ја најавија колекцијата. Сепак објавата на колекцијата, што официјално излезе вчера, дојде и со неколку изненадувања. Освен моделот на црните патики AF1s со сино лого Nike, што доаѓаат со сребрени беџови на секоја пета од патиката, колекцијата е дополнета со додатоци за патики, како сребрена лажица за облекување, сребрена четка за чистење, сребрено свирче и моден додаток што се става на врвките на патиките (типично за моделите AF1s).
Колекцијата ќе биде достапна за продажба на 7 март, а патиките ќе чинат 400 долари и ќе се продаваат во две продавници на Tiffany во Њујорк, одредени продавници на Nike и апликацијата Nike SNKRS.