Искушението за почнување од почеток и менување на животот во jануари отсекогаш постоело, но откако светот стана потежок, поскап и генерално посив од претходно, нашите тактики за постигнување подобар и поисполнет живот станаа и поекстремни. Како минатите што беa Veganuary или Dry January, оваа година е Синдромот на среќна девојка.
Популарноста на оваа резолуција почна со ТикТок инфлуенсерката Лаура Галебе, која ја претстави техниката на манифестирање велејќи си: „Јас сум многу среќна. Јас сум една од најсреќните луѓе. На крајот сè ќе излезе во моја полза“. Таа ветува дека сè што си кажуваме себеси и веруваме во тоа ќе резултира со неограничени можности и подобар живот веднаш. Видеата што следеа од други ТикТок корисници достигнаа 60 милиони гледаност, и иако хаштагот #Синдромотнасреќнадевојка, не достигна височини како други трендови сепак овој начин на манифестирање стигна до повеќето медиуми као The Sun, Daily Mail и NY Post со дефиниција дека тоа е новиот начин на менување на животот на Генерацијата З, без да се трудат околу тоа.
Но овој начин на размислување е чиста заблуда. Иако, некои работи навистина се случуваат зашто немаме среќа и покрај тоа што многу сме работеле на тоа или некои лоши работи се случуваат на добри луѓе, сепак да се биде позитивен е добра одлика која и психолошки може да нè направи да се чувствуваме подобро и посреќно, како и со поголема самодоверба. Но манифестирањето без да се презема ништо посебно или да се вложи труд за сопствената среќа, освен да се има дневна мантра може да достигне две крајности. Едната е дека за било какво постигнување во животот би се двоумеле дали е резултат на среќа или на наш труд, а другата е токсичната позитивност или оптимизам дека за сè во животот треба само да веруваме и да си велиме дека имаме среќа и дека сè ќе излезе како ние што сакаме. Без разлика во што верувате, умереноста и согледувањето на трендовите низ критичко светло како и внимателноста се препорачливи дури и кога сметаме дека околу нас работите се случуваат само поради лоша среќа.