Филмската компанија „Дизни“ ги обележи своите култни класици како „ Дамбо“ , “Книга за џунглата“ , „Петар Пан“ и многу други, со предупредување за расизам. Филмовите со кои растевме, кои се уште се дел од секојдневието на многу деца и возрасни добија ознака дека содржат расистички ставови и сцени. По низата критики и негодувања на јавноста ширум светот, многу организации, но и поединци почнаа да упатуваат апели за преиспитување на содржините на многу познати цртани и детски филмови, со цел да се воочат елементите на расизам и нарушување на човековите права и истите да се отстранат или обелжат како погрешни.
Затоа компанијата „Дизни“ на почетокот на оваа година во најавната шпица на низа нивни филмови, го додаде следновво известување: „-Оваа програма содржи негативно претставување или некоректен однос кон некои луѓе или некоја култура. Тие стереотипи беа погрешни во минатото, како што се погрешни и денес“.
На пример во „Дамбо“ гавраните зборуваат со афро -амерички нагласок и ги „хранат“ стереотипите за Афроамериканци кои играат и пеат. Во „Петар Пан“ индогените народи се нарекуваат „црвенокожци“. Во „Мачките од високото друштво“ една од мачките јаде со стапчиња и говори со азиски нагласок. Потегот на компанијата беше поздравен од Ева Фурст која е стручна за културни прашања и книжевност:“- Овој потег на компанијата „Дизни“ ја покажува нивната зрелост и свесност и е одличен пристап и пример, кон пропустите од минатото. Тоа што поставија предупредување, создава можност децата, да ги увидат со пример стереотипите и расизмот, а воедно да им се посочи колку е тоа погрешно. Единствено сметам дека не е во ред што овие филмови се заклучени за деца под 12 години. Секогаш е подобро да се зборува за погрешните работи од најрана возраст.“
Во нивниот нов филм „Раја и последниот змеј“ може да се види дека компанијата станала свесна за својата моќ и влијателност врз младите, зашто филмот внимателно конструирана приказна, со главна хероина, чиј лик нема допирни точки со ниеден стереотип за жените.
Извор: dw.com