Речиси секој посакува да ја почне новата година со поздрави навики и поголема физичка активност. Кога се практикува редовно и систематски, под надзор на професионалци, физичката активност има огромни придобивки за здравјето на човекот. Токму затоа разговаравме со врвни професионалци, Дијана Оркиц Шивачев, директорка на фитнес-центарот Fitness Park и фитнес-тренер, и Иван Крстевски, професионален тренер.
Со своите капацитети, Fitness Park нуди премиум фитнес-задоволство на голем број корисници. Кои се предностите на ваков фитнес-центар?
Дијана: Секако, ние не сме само еден одличен и добро уреден фитнес-центар, ние сме пред сè пријатели, едно големо семејство на мотивирани спортисти, рекреативци и вљубеници во здравиот начин живеење, кои сакаат успеси, добро здравје и забава.
Ако сакате да имате повеќе енергија и да живеете подолго доволно е да го промените вашиот начин на живот, за другото ние знаме како. Ете, тоа е нашата предност!
Исклучиво сме насочени кон здравјето на нашите вежбачи и кон позитивната енергија што го извлекува максимумот од нив. Нашите услуги се направени исклучиво да им угодат на вежбачите, тие се како магнет што повторно и повторно ги привлекува да дојдат и да вежбаат со нас. Fitness & Spa Park е единствениот центар во земјава каде што има доволно место за сите вежбачи, сите реквизити се нови, современи и стојат на располагање на вежбачите. Но, убаво е да се знае и дека за секој вежбач ние имаме персонален тренер кој е професионалец и високоедуциран. Нема импровизации. На секој вежбач му е овозможена приватност за хигиена и пресоблекување, на располагање стојат туш-кабини, а во женските гардероби има дури и соби за шминкање и фенирање.
Пандемијата ни покажа колку е важно да се грижиме за сопственото, физичко здравје и активност. Кои се предностите на редовна физичка активност?
Иван: Нашето тело е создадено да се движи. Ако поголемиот дел од денот го поминуваме седејќи, мораме да размислиме како се чувствува нашето тело на крајот од денот. Поради ваквиот стил на живот во меките структури на телото, како што се мускулите, настануваат разни компензаторни процеси што водат кон деформитети. Мускулите ја преземаат функцијата на стабилизатори наместо да имаат функција на движење. Мускулите се напнати, се јавуваат болки во грбот, се чувствуваме напнати, бидејќи не сме имале физичка активност. По физичка активност и вежбање, мускулите се топли, крвта тече низ телото, обезбедува кислород и енергија. Фитнес-вежбите помагаат да ја одржиме телесната тежина, да го зајакнеме срцето и белите дробови, да ја зголемиме густината на коските, да го намалиме стресот, да го намалиме ризикот од срцеви заболувања, да се ослободиме од депресија и анксиозност, да стекнеме самодоверба, да спиеме подобро и да имаме повеќе енергија.
Што треба да поседува фитнес-тренерот и каков вид помош им нуди на клиентите? Која е разликата од вежбање на своја рака и по точно утврден план изработен од професионалци?
Тренирањето фитнес е уметност, а не само наука. Добар тренер мора да знае повеќе од правилата што се запишани како куќен ред. Секое тело е единствено и неповторливо, па така треба и да го планира тренингот. Добрите тренери знаат да комуницираат со вежбачите на начин со кој се постигнуваат резултати. Целта на добриот тренер е да го води, инспирира и поттикне вежбачот да го постигне и да го развие својот целосен потенцијал. Добар тренер, треба да го познава спортот, секогаш да бара нови информации за вежбањето и здравјето. Успешниот тренер е мотиватор со позитивен став и ентузијазам за вежбање. Но, и способен да мотивира и инспирира и е дел од формулата за успех. Ефективниот тренер е тој што добро комуницира со вежбачот и зрачи со доверба, компетентност, почит и авторитет. Тренерот мора да биде способен јасно да ги објасни вежбите. Исто така, важно е да се биде дисциплиниран и добар слушател. Тој ги следи истите правила што ги очекува од вежбачите. Тренерот кој сака почит мора да покаже и почит. Тренерот кој очекува играчите да останат позитивни мора да покаже позитивен став. Тренер кој сака да го слушаат, ги слуша и играчите.
Како најчеста пречка за редовна физичка активност, се посочува недостигот на мотивација и истрајност. Како вашиот професионален тим ги инспирира вашите корисници?
Дијана: Само со личен пример. Нашите тренери веруваат дека секој нов ден е можност да се подобрите себеси! Да се почне и да се открие сопствениот потенцијал. Да вежбаат со радост и мотивација. Тајната на успехот е само да почнете.
Со каков вид опрема располага овој фитнес-центар?
Дијана: Фитнес-центрите, во основата, се изградени за да им обезбедат на луѓето соодветна опрема за фитнес, тренинг и други уреди потребни за одржување на физичката кондиција на поединецот.
Во моментов имаме сè што може да посака еден современ вежбач. Најважно е дека целата опрема е најсовремена во Македонија од исклучителен квалитет и редовно се одржува хигиената и безбедноста на реквизитите. Во нашиот фитнес-центар имаме и свежо подготвена специјална храна за вежбачите, разни додатоци и оброци.
Луѓето кои не се физички активни подолго време, имаат и психолошка бариера од вежбање во фитнес-центри. Како најлесно се надминуваат негативните чувства на инфериорност?
Иван: Мотивацијата ги надминува сите психолошки бариери, особено со добар тренинг. Важноста на психолошката компонента често се потценува. На еден успешен спортист му се потребни 90 проценти ментална стабилност, а другото е физичка кондиција. Тајната на успехот е како ќе се управува со тој процес. На некои луѓе им е лесно да се фокусираат на целите што ги посакуваат и да напредуваат додека не го постигнат тоа што го зацртале, но на некои тоа им оди побавно.
За да си го олесни процесот до целта, потребен добро едуциран и обучен тренер, но и вежбачот треба да знае како да ги промени навиките и однесувањето од она што го правел претходно, кое е непродуктивно. Иако успесите на многу полиња се „раѓаат“, а некои се „направени“, со фитнес-вежбањето се „создаваат“.
Сите новогодишни резолуции се со желби за нова, подобра верзија од себе што активно вежба и внимава како се храни. Која е вашата порака за сите што сакаат да го сменат својот начин на живот и да станат своја, подобра верзија?
Дијана: Новата година е одличен мотив да тргнат работите на подобро. Повеќе да се трудиме, да очекуваме од себе нови резултати, да бидеме посреќни и поздрави. Ние во фитнес-центарот во Парк хотел и Спа убедени сме дека го знаеме рецептот за здрав и убав вежбач. Во новата година си посакуваме себеси, но и на нашите другари од салата за вежбање да бидат најдобра верзија од себе, да ги фати конструктивен инает и да ги победат сите непродуктивни пречки, како лоша храна, мрзливост и немотивираност. Ајде во новата да се сакаме повеќе себеси, да си го почитуваме и да си го негуваме телото и да негуваме дух на вредни поединци.
Среќна Нова година ви посакува тимот професионални тренери од фитнес-центарот Fitness & Spa Park.