Литературното творештво на Харуки Мураками е богато и високо етаблирано во светски познатата литература. Авторот на книгите „Норвешка шума“, „Кафка на брегот“, „Спутник љубов“ и „Хроника на птицата која го навива часовникот“, е еден од најпознатите современи јапонски и светски писатели, роден во 1949 година, во Кјото (Јапонија). Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Франц Кафка“, наградата за кратка проза „Френк О’Конор“, инаку најзначајна меѓународна награда за овој жанр, наградата „Ерусалим“ за слободата на поединецот во општеството, најголемото признание што во Израел им се доделува на странски автори, и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“.
Неговите книги изобилуваат со надреални соништа, несекојдневни наративи надвор од баналните сценарија и интересни карактери и навистина е тешко да се преточат истите тие внатрешни чувства во филм. Годинава во февурари излегува нов анимиран филм „Слепа врба, заспана жена“ од францускиот режисер Пјер Фолд базиран на кратки приказни од Мураками.
I-D направи листа на 5 филмски адаптации од книгите на Мураками кои вреди да се погледнат.
Blind Willow, Sleeping Woman (премиера на 17 февруари)
Антологиски анимиран филм сместен во 2011 година после Тохоку земјотресот и цунамито во Јапонија, адаптиран од серија кратки приказни од Мураками.
A Girl, She Is 100% (Naoto Yamakawa, 1983)
Филм од осумдесетите во Јапонија исто така од кратките приказни на Мураками кој подоцна беше инспирација за романот 1Q84, во три тома.
Tony Takitani (Jun Ichikawa, 2004)
Филм за осамен син на џез тромбонист чија шанса за среќно оженет маж е одбиена од желбата на неговата жена за прекумерн трошење на пари за дизајнерска облека. Филмот му донесе на режисерот две големи награди на Локарно филмксиот фестивал во 2004 година.
Norwegian Wood (Tran Anh Hung, 2010)
Во 1987, книгата „Норвешка шума“ му донесе на Мураками интернационално препознавање и милиони нови читатели во Јапонија. Приказна за студент кој влегува во романтична врска со две жени набрзо по самоубиството на неговиот најдобар пријател. Едната девојка е истрауматизирана другарка од детството, а другата атрактивна и дружељубива колешка од факултет.
Burning (Lee Chang-dong, 2018)
Една година пред филмот „Паразит“, што го трансформираше статусот на корејската филмска сцена во светот, излезе филмот Burning кој заслужи слична слава. Психолошки трилер за љубовен мистериозен триаголник со познати актери.