Менопаузата и предменопаузата, како специфични периоди од животот на секоја жена, сè почесто се инспирација на големите козметички компании што се трудат да пронајдат производи, кои ќе ја нудат најдобрата нега на кожата на лицето и телото во овој период. Новата линија Bioten Nutri Calcium е богата со калциум, наменета е за зацврстување, затегнување и обнова на еластичноста на кожата на лицето на жените над 55 години. Калциумот ја подобрува функцијата и ја регенерира заштитната бариера на кожата, додека активната состојка, збогатена со единствената хидратантна моќ на витаминот Б5, го обезбедува нејзиниот здрав и сјаен изглед.
Nutri Calcium дневен крем SPF10
Овој дневен крем за затегнување и обнова на еластичноста на кожата на лицето SPF10 содржи 84% состојки од природно потекло, секојденвно ја негува и ја зајакнува кожата во предменопауза и менопауза. Амбалажата е составена од сто отсто рециклирачки материјали и се користени сертифицирани состојки.
Nutri Calcium ноќен крем SPF10
Изработена од 94% овој крем е наменет за затегнување и обнова на еластичноста на кожата на лицето во текот на ноќта. Намената на овој крем е да го активира механизмот против промените на кожата во менопауза, предизвикани од хормони, директно да влијае на подобрување на еластичноста, цврстина и измазнување.
Nutri Calcium серум
Содржи 95% состојки од природно потекло, со единствена формула што е ефикасна во борбата против хормоналното стареење. Моќниот активни екстракт од природно потекло FemiGen плус ја подобрува еластичноста на кожата, ги израмнува длабоките брчки и ги редефинира контурите на лицето.