По пропуштена една година – минатата помина без црвен тепих, холивудски ѕвезди и телевизиски пренос – и скандалот што го оцрни угледот на филмските награди во 2021 година во кој се откри дека ниту еден од членовите на „Холивудското здружение на странски новинари“ , кое е организатор на настанот, не е припадник на друга раса, освен белата, Златните глобуси годинава се вратија во полн сјај. Домаќинот на годинешните Златни глобуси, комичарот Џерод Кармајкл ја започна вечерта со кратко објаснување како станал водител на церемонијата. „Тука сум затоа што сум црнец“, рече тој низ шега.
Големи победници на вечерта беа филмовите Фабелманови (Fabelmans) од Мартин Мекдона и Баншите од Инишерин (The Banshees of Inisherin) полу-автобиографскиот филм на Стивен Спилберг.
Филмот на Спилберг, кој ја раскажува приказната за момче кое се заљубува во филмската уметност, триумфираше во категоријата за најдобар филм – драма, како и во категориите за најдобра режија, додека филмот на Мартин Мекдона, околу раскинување на старо пријателство на мал остров во Ирска која е зафатена во граѓанска војна, триуфираше во категоријата за најдобар филм – мјузикл/комедија, најдобро сценарио како и за најдобра машка улога за Колин Фарел. Сериите Основното училиште Абот, Белиот лотос и Куќата на змејот се победници во категориите за ТВ серии.
Актерката Џенифер Кулиџ преку емотивен говор ја прими наградата за Најдобра актерка во споредна улога, за улогата на Тања во Белиот лотос. Џулија Гарнер ја доби наградата за најдобра актерка за серијата Озарк, додека Еван Петерс , за улогата на Џефри Дамер ја доби статуетката за најдобар актер во лимитирана тв серија.
Другите главни актерски награди ги добија Кејт Бланшет, за улогата во Тар, Мишел Јео за Сешто, сегде, одеднаш (Everything Everywhere All At Once) и Остин Батлер за Елвис.
Аргентина 1985 е победник во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје додека за најдобар анимиран филм беше прогласен Пинокио на Гиљермо Дел Торо.
Целосната листа на победници погледнете ја тука