Што правиш со кесичка Фудбар беби спанаќ? – Вкусна и здрава пита. Ја продолжуваме приказната на здрави и вкусни рецепти со Cooking with Branko и Фудбар. Се работи за брз, здрав и вкусен рецепт кој веруваме дека ќе ви стане навика. Уживајте во вкусовите.
Потребни состојки:
10 лажици просо
Една кесичка беби спанаќ на Фудбар
10 лажици мелен овес
10 лажици палента
200мл. јогурт
3 јајца
2 лажички кокосово масло
100гр. урда
1 мала лажички чиа семе
1 мала лажичка морска сол
Просото ставете го да се вари додека не набабри убаво. На страна во сад изматете ги јајцата и додадете јогурт, 8 лажички мелен овес, 8 лажички палента, чиа семе, кокосово масло и сол.Откако ќе извари просото и ќе набабри, оставете го да излади, а потоа додадете го во целата смеса. Измешајте убаво со дрвена лажица. Додадете беби спанаќ на Фудбар и урда. Изедначете ги состојките.
Тавчето за печење обложете го со хартија за печење. Истурете ја смесата. Печете на 220 степени 20 минути со постепено намалување. Послужете со јогурт или кисело млеко.