Светски познатите инфлуенсери често ги користат своите платформи за промовирање на различни козметички продукти за нега на лице и тело. Но, кога тоа го прави магистер по фармација, поткрепувајќи ги своите изложувања со низа научни факти, тогаш довербата е загарантирана. Таков е случајот со Лепосава Анѓеловски, многу попозната според името на својот профил на „Инстаграм“ @magnolijaglamour, која е експерт во оваа област и несебично ги споделува своите знаења со сите свои следбеници.
Последниве години се посветува големо внимание на чекорите за нега на кожата во домашни услови. Кои чекори за нега на лицето ги препорачувате вие?
Негата на кожа дома е најважниот дел, бидејќи ниеден третман не е приспособен да ја одржува добрата состојба на кожата долго време. Најважните чекори што треба да ги применува секој се: чистење, хидратација и апликација на СПФ-продукт секој ден.
Кога ќе кажам чистење на лице, мислам на миење на лицето со гел или со пена наутро, додека, пак, навечер потребно е двојно чистење (double cleansing) на кожата, составено од два чекора на миење. Првиот чекор секогаш треба да биде поминување на лицето со мицеларна вода или млеко или, пак, масажа со масло (специјално масло за отстранување нечистотии од лицето). На овој начин ќе се исчистат сите нечистотии од кожата што се растворливи во масло, а тоа се: себум од кожа, СПФ-продукт, пудра и сл. По примената на маслениот чистач, треба да следува чистење на лицето со воден чистач, односно истиот гел или пената од утрото со цел да се отстранат резидуите од нечистотии над нашата кожа како пот, нечистотии од надворешна средина и слично.
Зошто е важна хидратацијата на кожата?
Нашето тело е составено од 40 до 60% вода. Преку соодветна хидратација на кожата, ќе ја зачуваме нејзината еластичност и ќе го забавиме процесот на стареење, ќе се ослободиме од вишокот себум и ќе ги отстраниме токсините од кожата. Сè на сè, ќе му дадеме свеж и здрав изглед на нашето лице. Најважните придобивки од правилната хидратација на кожата се тие што лицето нема да биде грубо, суво и распукано и кожата ќе биде мека и мазна, ќе го одложиме појавувањето на брчки и ќе спречиме предвремено стареење на кожата и таа ќе биде еластична, затегната колку што е можно подолго. Сепак, за да постигнеме совршена кожа, треба да знаеме како да го хидрираме лицето и што значи хидратација.
Правилна хидратација на кожата: Изберете производи за хидратација што најдобро ќе одговараат на вашата кожа. Хидратантен крем е неизбежен дел од негата, но исто така и соодветните тонери, серуми (изберете производи за чистење и тонирање на кожата, што нема да ја исушат вашата кожа и што ќе ѝ помогнат да ја задржи својата природна влага).
И за крај, СПФ-продукт секој ден сѐ додека постои ден и ноќ, бидејќи УВ-зраците се присутни во секое годишно време. Со СПФ-продукт, пред сѐ, се штитиме од УВА-зраците, чијшто интензитет е ист во текот на целата година, додека, пак, интензитетот на УВБ-зраците е највисок за време на летото.
Новитет е двојното чистење, што има навистина одлични резултати. Зашто е важно да се применува двојно чистење, како секојдневен ритуал?
Вечерното чистење секогаш треба да биде составено од два чекора или двојно чистење. Првиот чекор секогаш треба да биде со маслен чистач (масло или мицеларна вода), додека, пак, вториот чекор треба да биде со чистач, кој ќе биде определен врз основа на типот и потребите на вашата кожа (гел/пена). Ако го прескокнеме овој чекор, треба да знаеме дека многу нечистотија ќе остане над нашата кожа и во неа и, како таква, кожата ќе треба уште поинтензивно да работи токму во периодот кога нормално се регенерира и се репарира. Нашата кожа има одреден ритам, исто како и целото тело. Ова значи дека ноќта е најважна за неа. Ноќта е времето кога нашата кожа најинтензивно работи, па со тоа, доколку таа не е правилно и целосно исчистена ќе доведе до попречување на процесот на регенерација и појава на воспаленија што можат да се појават веднаш (црнки), но можат да се појават и по извесен период (акни).
Чистењето лице навечер треба да опфаќа два чекора: примена на маслен чистач (мицеларна вода, млеко или масло) и примена на воден чистач (гел, пена). Со примена на мицеларна вода или млеко или масло, освен шминка, се отстрануваат сите нечистотии што се растворливи во масло: себум што се лачи од кожата, СПФ-крем и др. По ова, вашата кожа е спремна за вториот чекор од двојното чистење, односно нанесување на чистачот на база на вода или чистач што ќе ги отстрани нечистотиите растворливи во вода (на пример, потта).
Што треба да се внимава при купување на козметички продукти за лице или тело?
Преку мојот инстаграм-профил најмногу се трудам да ги запознам девојките со правилното дозирање на продуктите. Речиси никогаш не обрнувам внимание на тоа дали Х продукт е наменет за масна или за сува кожа, зашто сметам дека секој продукт преку правилно дозирање може да се приспособи на секој тип кожа. Јасно е дека кремовите за сува кожа се побогати со масла, па затоа би рекла дека многу мало количество може да биде аплицирано и на масна кожа. Кога кожата е добро исчистена и негувана, приспособувањето на продуктите е многу лесно. Тоа што ме прави на некој начин успешна во ова што го правам е фармацевтската изрека што ме води, а тоа е дека: секој лек може да е и отров, ако се дозира неправилно. Истото важи и за серумите, кремовите што ги нанесуваме на кожата.
Често користите сертифицирани, органски производи, од брендовите што можат да се најдат во продавниците на „Белина“. Која е нивната предност и кои се придобивките за организмот од користење на ваков вид производи?
Пред речиси три години почна моето запознавање со продуктите на „Белина“ (што сосема спонтано и случајно почнав да ги испитувам детално и да правам мини-рутини). Тие мини-рутини првично беа запишани насекаде низ моите тетратки, а по нецела година дојде време да ги практикувам и да ги препорачувам на девојките кои бараа моја помош. Резултатите што почнаа да ги даваат рутините со продукти од „Белина“ беа воодушевувачки, а и самата се изненадив од делотворноста на органската козметика.
Кога им ја презентирав мојата приказна и успешноста на рутините направени од моја страна со нивните продукти, се споивме и совршено функционираме долго време. Ги следат моите барања кога станува збор за активни компоненти, барањата на потрошувачите и, што е најважно, ги следат најновите трендови од кои сите ќе имаме корист на долги патеки; органска и природна козметика со максимум позитивен резултат, а без негативен ефект.
Производите на „Белина“ се во огромен процент природни. Колкава е моќта на природата за најчестите проблеми со кожата на лицето?
Огромна! Наједноставно кажано, природните продукти за нега на лице, тело и коса се направени од квалитетни и проверени, а пред сè природни состојки. Тоа се производи што никако не можат да му наштетат на организмот. Тие се богати со растителни масла, екстракти од цветови, природни антиоксиданси, како што се витамини и минерали. Дури и да содржат некаков конзерванс, тој е дозволен и сосема безбеден за употреба во козметиката. Покрај фактот што природниот продукт обезбедува целосна нега во отсуство на несакани ефекти (во повеќето случаи), не постои место за нешто повеќе што би можело да се додаде. Често знам да се насмеам и да порачам секому што не верува во моќта на природната козметика да ги прегледа фотографиите низ мојот инстаграм-профил, па сам да се увери во 90% од резултатите постигнати токму со природната и органската козметика од „Белина“.
Предлог-рутина за нормална кожа?
Без разлика за каков тип кожа станува збор, ќе предложам целосна и минимална рутина наменета за одржување на кожата, рутина што дала одлични резултати кај многу девојки со минимално подесување. Рутината е поволна и може да биде применета од страна на мажи и жени, без разлика на возраста и проблемот што сакаат да го средат.
НАУТРО
Веднаш по станување навлажнете ја вашата кожа со цел да ја поставите „Natura Siberica“ – Anti-Ox Blueberry, пенливиот крем-чистач за лице на водена кожа.
Нежно масирајте до триесетина секунди и добро измијте. По миењето на лицето следува нежно тапкање со крпа и тонирање. Тонирањето е (меѓу)чекор што може да биде заобиколен, но цврсто го препорачувам.
Тонирањето на лицето е важно со цел да се врати нормалното рН на кожата со кое таа ќе се заштити од иритации и ќе се зголеми нејзината хидратација. Како тоник што го препорачувам за сите типови кожа, би го издвоила „Mossa“ – Youth Defence, антиоксидантен тоник што слободно може да замени и серум со нијацинамид или витамин Ц, бидејќи има состав богат со антиоксиданси што ќе ја заштитат кожата и ќе го изедначат тенот.
По чистењето и тонирањето на лицето, секоја утринска рутина се завршува со апликација на СПФ-продукт. Доколку сте личност која секој ден носи пудра, можете да изберете тонирана СПФ-крем, како што е „Labaratories Biarritz“ – Alga Maris, пигментиран крем за лице со СПФ30 или со СПФ50 (постојат две варијанти).
Освен СПФ-заштитата, овој продукт има и солидна покривност со којашто целосно ќе можете да ја замените вашата пудра. Одличен состав и одличен однос квалитет : цена.
Од истата фирма, „Labaratories Biarritz“, кај „Белина“ може да се најде и нетонирана верзија соодветна за сите (дури и најмалите), бидејќи содржи физички филтри.
НАВЕЧЕР
Како што потенциравме неколкупати досега, двојното чистење мора да биде задолжителен дел од ноќната рутина. Со негова помош темелно ќе ја исчистиме кожата и ќе ја спремиме за ноќта, кога всушност таа најинтензивно работи.
Како прв чекор, едноставен и за мажи и за жени, како и за сите типови кожа, може да се примени поминување на лицето со мицеларна вода поставена на вата/памук.
Предлог за таква мицеларна вода е „SoBio Etic“ – Hydra Aloe Vera, продукт со многу нежен, а истовремено моќен состав, што, освен темелно чистење, ќе ѝ даде и длабока хидратација на вашата кожа.
По чистење на лицето со мицеларна вода, следува наводенување на лицето со вода со цел гелот од утринската рутина да се постави на водена кожа. Масажата на гелот треба да биде нежна и да трае до четириесетина секунди. Со измивање на лицето со вода завршува процесот на двојно чистење и следува примена на истиот тонер од утринската рутина.
За крај на ноќната рутина се применува хидратантен крем што ќе направи репарација и регенерација на кожата. Како таков што има одлична цена и уште подобар состав би го издвоила „Pulpe De Vie“ – The Cream, хидратантен крем за сите типови кожа. Со апликација на кремот завршува и ноќната рутина и кожата е спремна за одмор и детоксикација во текот на ноќта.
Многу луѓе имаат различни проблеми и со кожата на телото, како поткожни влакна, акни по телото и слично. Какви рутини и производи се користат за нега на телото?
Продуктите на „Natura Siberica“ беа тие што веднаш ми паднаа на памет. Особено кога станува збор за третман на акни на телото или, пак, поточно на грбот и деколтето, како две најчести зони што се соочуваат со ваков тип проблематика.
Од избор кај ваков тип кожа на тело (склона кон појава на акни) секогаш препорачувам примена на гел за туширање од „Natura Siberica“ или Bereza гел за туширање со екстракт од бреза, салицилна киселина и цинк.
Тој помага во борбата со акни, намалува иритации и го контролира лачењето себум, оставајќи ја кожата чиста и свежа во текот на целиот ден. Содржи салицилна киселина, природно пронајдена во кора од врба, што ги раствора наталожените нечистотии во порите, намалувајќи ја појавата на воспаленија. Освен примената на овој гел за туширање, во третманот на акните на грбот може да ви помогне дополнителна апликација на „Novexpert“ – Trio Zinc, спреј што може да се користи неколкупати на ден, односно секогаш кога ќе имате можност, така што ќе аплицирате директно на местото каде што има акни, односно сакате да спречите нивна појава.
Овој спреј во својот состав вклучува три вида цинк:
● Цинк глуконат (што елиминира присуство на лоши бактерии од кожата)
● Цинк лактат (намалува прекумерно создавање маснотии и хидрира кожа)
● Цинк PCA (намалува прекумерно лачење маснотии и појава на акни)
За третман на акни на телото, одличен избор би била и примената на салицилна киселина, што ќе направи длабинско чистење на порите и со тоа ќе се намали појавата на црнки, што подоцна ќе се воспалат и ќе преминат во акни. Како продукт од избор со салицилна киселина би бил „SkinDivision“ – Salicylic Acid, спреј со 2% салицилна киселина за третман на акни на телото. Од овој спреј доволно е да се прска директно на местото со акни од три до четири пати неделно, проследено со добра хидратација. Од истата линија на „Natura Siberica“ – Bereza Siberica, што претходно ја споменавме, има и хемиски пилинг што може да се употребува и на лицето и на телото, еднаш до двапати неделно за отстранување или третман на поткожни влакна. Доволно е да се применува два до трипати неделно на делот каде што имаме поткожни влакна. И не само поткожни влакна туку и потемнети препони, потемнети пазуви, кокошкина кожа и уште многу други појави.
И секако, не би било целосно одговорено ова прашање ако не го споменам мојот личен фаворит „Novexpert“ – Trio-Zinc, ноќен пилинг со АНА-киселини и три вида цинк. Ова е производ наменет за секој проблем, дури и тие со совршена кожа на лицето и на телото, препорачувам од срце да го применуваат еднаш неделно по чистење лице/туширање (кога станува збор за телото). Од поткожни влакна, до акни, црнки, дамки, милија (белки што не можат да се истиснат), буквално продукт за секоја намена.
Проблемите со опаѓањето на косата и масен скалп се многу чести постковидни симптоми. Од вашето искуство, што е најдобро да се користи за зацврстување и за негување на косата?
Сѐ додека не се соочиме со некоја појава, како во случајот; опаѓање на косата, не обрнуваме многу внимание на тоа што употребуваме и како треба да ја негуваме косата.
Не дека косата бара некоја рутина составена од неколку чекори секој ден, туку токму напротив, нејзината нега е толку едноставна што сосема доволно ќе биде само да обрнеме внимание на продуктите што ги применуваме. Повторно ќе се навратам на „Белина“ и на широкиот асортиман продукти за коса што го нудат тие. Едноставно, таму не е возможно секој да не пронајде нешто по своја желба и за своите потреби. Мојот моментален фаворит што го употребувам е линијата на „Natura Siberica“ – Ice Professional, зелена линија што е наменета за чувствителен скалп. Од линијата Ice Professional има и за оштетена коса, за руса коса, за бојадисана кожа… Што се однесува до одговорот на вашето прашање, без двоумење ќе го понудам шампонот на „Madara“ – Grow, кој е наменет за зголемување на волуменот на косата, против нејзино опаѓање, како и за стимулирање раст. Има прекрасен состав, кој вклучува кофеин што ќе забрза циркулација на скалпот, нијацинамид и пантенол за регенерација и хидратација на скалпот и цинк што има антимикробно дејство и така ќе ја зачува нормалната флора на кожата на скалпот. Шампон што дава експресни резултати и може да биде применуван и кај мажи и кај жени.
Производите на Белина може да ги најдете на www.bellina.mk или на некоја од нивните продажни локации во Капиштец или East Gate Mall.