„Wonderland Theatre“ започнува со подготовки на нова претстава „Работи за кои не зборуваме“, базирана на лични искуства кои сме ги потиснувале во себе и не сме имале храброст да ги споделиме.
„Болка, траума, срам, осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажна насмевка, крварење, изгубен апетит, брзо возење, тресење под јорган, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под наочари, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во момент од животот…
Дали имате некоја приказна која ви тежи и ве прогонува, а сѐ уште не сте собрале храброст да ја раскажете?
Вашите сведоштва/приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана. Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика“, известуваат од „Wonderland Theatre“.
Преку претставата тие сакаат да им дадат глас и лице на работите за кои не се зборува и да мотивираат разговор и промена во општеството. Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена.
Споделете ја вашата приказна на линковите:
https://www.wonderlandtheatre.org/raboti-za-koi-ne-zboruvame
https://www.wonderlandtheatre.org/gjera-per-te-cilat-nuk-flasim