Во паркот на МКЦ вечерва од 20 часот ќе се одржи десеттото издание на „Здраво Млади“.
„Поминавме 9 лета заедно слушајќи ги најактуелните имиња на прогресивната музичката сцена, а за ова јубилејно десетто издание на ЗДРАВО МЛАДИ настапуваат: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar, домашните Funk Shui и PMG Kolektiv и човекот без кој не би можеле да го замислиме фестивалот, ирецот – DJ Fitz!
Дел од програмата оваа година е и самостојната изложба на Сали Ертунч насловена ‘25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното‘ “, велат од МКЦ.
Фестивалот ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани (прилог бр 33), кој беше усвоен на 73. Седница на Владата на СРМ. Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk