OX e контракултурен, anti-fashion бренд за облека кој создава во подземјето, со цел да влијае, да акцентира, да провоцира и да едуцира.
Одметник со специфична естетика, инспириран од хип-хопот, анархо-панкот, графити културата и пост-модернизмот, или еден вид на култ во изградба кој твори на работ од уметноста, дизајнот на облека и уличната култура.
Сезона 3: Super Stressed Super Blessed
Првиот од серијата промо настани за оваа колекција, ќе се одржи во Скопје, на 4 Септември (петок) во “КОТУР” Кафе и Филм. Настанот е еден вид на инсталација, која ќе вклучува изложба на новите парчиња од колекцијата и поп-ап продавница.
Super Stressed Super Blessed колекцијата вклучува 18 дизајни на облека и аксесоари.
Исто така, како дел од колекцијата, посетителите ќе имаат ексклузивна шанса да ги видат и купат парчињата кои се дел од првата соработка на ОХ со еден од најеминентните фотографи кој доаѓа од балканот, светски наградуваниот и публикуваниот – Владимир Миливојевиќ – Boogie (https://www.artcoup.com/)
ОХ STREETS
SSSB POP-UP
Котур Кафе и Филм
Адреса: Никола Вапцаров 7
1000 Скопје
Настанот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани: https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (бр.33)