За некој со аутизам, малите детали може да бидат од огромно значење, а тоа важи и за чевли. Најновата колекција на Vans посветена на подигнувањето на свеста за аутизмот, овозможува модели што се фокусирани на сетилата како на пример палета на бои која не ги заморува очите, мека патика на допир или холографски принт.
Комфорната колекција на патики нуди сензорно-инклузивни елементи и дизајн што се поврзува со сетилата за допир и звук. Маиците со долги и кратки ракави за деца исто така се во смирувачки графички нијанси. За поголема инклузивност на сензорните сетила Vans на оваа колекција работеле и со специјалисти за аутизам за да добијат дизајни што ќе им обезбедат комфор на помалите и поголемите деца како и на возрасните. Од Vans објавија дека ќе донираат минимум 100.000 долари од продажбата на оваа сензорна колекција на патики и маици на A.Skate фондацијата, непрофитна организација која ги учи децата со аутизам насекаде низ светот да возат скејтборд.