Повеќе од 25 години откако беше застрелан и почина во Лас Вегас, славниот рапер Тупак Шакур доби ѕвезда на „Патеката на славните“ во Холивуд. Во средата на 7 јуни, семејството и неговите пријатели се собраа на церемонијата која се одржа една недела пред неговиот роденден.
Сестрата на Шакур, Секива „Сет“ Шакур ја прими ѕвездата во негова чест и кажа дека е почестена да биде таму и да ја претставува фамилијата.
„Тупак знаеше длабоко во себе дека секогаш е достоен за нешто големо и вредно“, кажа таа на церемонијата. „Како негова помала сестра, ја имав привилегијата да гледам како се открива неговата моќ и големина“.
На Секива и беше презентирана и резолуција од градскиот совет на Лос Анџелес со која 7 јуни е прогласен за ден на Тупак Шакур. Шакур беше застрелан во Лас Вегас на 7 септември 1996 и почина шест дена подоцна на 25 години.
Оттогаш неговиот живот и смрт се претставени во многу книги, филмови и документарци. Еден од последните проекти беше „Драга мамо“, серија на Хулу фокусирана на животот на неговата мајка, Афени Шакур, поранешна членка на партијата Црниот Пантер. Таа почина во 2016 од срцев удар на 69 години.