The Weeknd, музичарот кој неодамна стана првиот артист кој достигна 100 милиони слушатели месечно на Спотифај, е статистички најпопуларниот артист во светот, објавија од Гинисовата книга на рекорди.
Никој друг не се доближува ни малку до стриминг успехот на пејачот, според Гинисовата книга на рекорди, кои кажаа дека 33 годишниот музичар има два светски рекорда за музички стриминг, најмногу месечни слушатели на Спотифај и првиот артист кој достигнал 100 милиони слушатели месечно. И Спотифај минатиот месец исто така објави дека The Weeknd постигнал рекорд. Дел од последното зголемување на стримови е поради успехот на ремиксот од песната Die For You со Ариана Гранде. Песната е, ремикс од оригиналната верзија од 2016 исто така е на врвот на Билборд Хот 100 листата. Ова е седми хит број еден хит и за Гранде и за The Weeknd, чие вистинко име е Абел Тесфаје.
Неговата песна Blinding Lights е најстримувана песна на Спотифај на сите времиња со повеќе од 3.47 милијарди слушања, според стриминг платформата. Песната Starboy исто така е една од најслушаните песни на сите времиња на Спотифај.