Diah е алијас позади кој стои Дијана Димитриевска, диџејка која е дел од локалната клупска сцена. Нејзините сетови се емоционална сеанса, од хипнотично техно, низ нивоа на стеларно самоиспитување, динамична bass-heavy градација со acid кулминција. Во нејзината кариера има настапувано со UVB, Sugar Lobby, Dr.Rubinstein, Anetha, Saud, A//O, Claro Intelecto, Ellen Allien, Alexander Robotnick.
Музичка селекција која ми е омилена е… Во моментов – hi-speed techno со trancy, brеakbeat или jungle vibe.
За настапи се подготвувам… Во зависност од локацијата, time sloth-от и со кого го делам DJ пултот, практикувам пред настап да имам размислени опции за почеток и крај на сетот, останатото го оставам на моментална интерпретација и инспирација. Подготовка во однос на преслушување нова музика е континуирана навика за мене и не зависи од конкретен настап.
На почетоците од диџејството се сеќавам… На белата и црвената соба во Папаја, жижиците на Мио, изгрејсонцата во дворот на Капан Ан, на бројни несовршени миксови и прерипувања на плочи, на 5K DJ Workshop.
Сцена на која се чувствувам најопуштено е… кога и атмосферата на подиумот е опуштена, раздвижена, гладна за поголема интеракција, гладна за конекција.
Од градовите каде настапувам научив… Преспиј каде што си, и без големи планови наредниот ден ☺
Во моментите кога сум најопуштена слушам… Massive Attack, Apex Twin, Younger Brother, Boards of Canada, Bvbud, Burial, LTJ Bukem.. во бесконечен loop, или пак било која емисија на 1BTN.
Македонската диџејска сцена се развива... континуирано, секако под влијание на формални институции и неформални ентузијасти кои инвестираат во алтернативната култура.
Годините искуство ми донесоа… повеќе самодоверба дефинитивно и поголем порив да експериментирам со музичката селекција во настапите.
Моите сетови би ги опишала како… динамични, hard-groovy, текстурирани, од хипнотично до еклектично танцувачко искуство, понекогаш комплексни, понекогаш предвидливи, волуменски фасилитатор за getaway.
Македонската публика знае да цени… Публиката со која алтернативната или андерграунд сцена се сретнува цени добра енергија на подиум. Без конекција со публиката нашите настапи губат секаква смисла.