Македонија отсекогаш имала вибрантна клупска сцена која била на рамниште со сцените во регионот и Европа. Клубовите беа витални места на поврзување, ослободување и задоволства. Пандемијата физички нè оддалечи, но виртуелниот простор има потенцијал да ги надминува овие предизвици.
Креаторите на платформата ТЕРАПИЈА силно веруваат дека истата енергија може да се постигне доколку се вложи во промена и адаптирање на новата ситуација. ТЕРАПИЈА е место на кое ќе се поврзуваме едни со други со цел заживување и развој на електронската музичка заедница. Ги насочивме нашите погледи кон иднината додека ги негуваме корените во минатото за да ги споиме новите технологии со уметноста, да ги активираме нашите тела и критички го ангажираме умот. ТЕРАПИЈА ве повикува на колективно дејствување со цел спас на нашата сцена.
Платформата ТЕРАПИЈА чија цел е креирање на простор за равој на независна културна и клупска сцена, се пушта во употреба на 04.12.2020 година на www.terapija.mk.
· * Куќни правила: Расизмот, хомофобијата, трансфобијата и сексизмот не се прифатливи во нашите клубови и нема да бидат толерирани како дел од ова заедничко виртуелно дружење. Почитта кон другиот е наш врвен императив, а говорот на омраза, малтретирањето и вознемирувањето се најстрого забранети.