5 недели патуваа низ најсвежите локации во Македонија, а денес ни ја раскажуваат последната авантура од серијалот #СвежоКако. Петтата локација е еден од најубавите врвови на Осоговските планини – Царев Врв, каде што СКОПСКО Smooth и No Man’s Land го дочекаа и првиот мраз годинава.
Погледнете го видеото и прочитајте повеќе во продолжение, а ако сакате да се потсетите кои беа 5-те најсвежи Smooth локации, ѕирнете ги видеата за Старавина, Подгоречко Езеро, Крушево и Колешински водопад.
Колкупати сме биле изненадени од точки низ Македонија, кои за нас биле непознати….и колкупати таа средба со такви трагања отворила нестварни пејзажи кои потсетуваат на некои места по оваа планета, кои сме имале среќа да ги посетиме или пак преку фотографии да ги отсонуваме.
Нашите трагања низ Македонија започнаа во еден октомври 2018, спонтано на Илинска Планина. Блогот, како идеја со име и концепт се роди на едно, како сон уживачко пешачење, до Манастирот Трескавец во Февруари 2019. А го започнавме официјално , дури 11 месеци подоцна, на 19 Јануари, оваа 2020.
Во нашите сеќавања има спомени од многу наши откривања на Македонија, имаме стотици албуми со илјадници фотографии и бескрајно многу напишани редови кои се преточени во овој блог, пред очите и сега ни излегуваат сите планини и врвови, сите места и личности кои на ова патување сме ги сретнале. Како да се случиле вчера….
Ова неколкумесечно присуство во виртуелниот простор на социјалните медиуми, остави впечаток на тимот позади SKOPSKO SMOOTH и одлучија да направат кампања заедно со No Man’s Land. Ни звучеше како предизвик, но и како миг да покажеме дека не значи комерцијализација овој спој, туку синергија на две нешта кои будат убави нешта….едната свежина, другата патувачки сонувања од овој наш близок географски круг. Ова е последна објава од оваа наша драга соработка, за процесот во кој тие размислуваа а ние инспириравме.
Царев Врв беше нашиот избор каде ќе пиеме SKOPSKO SMOOTH, на крајот на есента која тој ден пред нашите очи се претвораше во зима.
Средбата со овој врв е само уште потврда во редицата наши впечатоци дека авантурата и уживањето во природата не значи исклучително далечни и звучни дестинации.
Овој врв е мистика, овој врв е поезија, овој врв е тло на далечна историја….на граници, на разделби, на војна и мир…едно потсетување колку сме всушност мали и безначајни, наспроти Универзумот:
Homo parvus, natura inmensa est.
Градбите кои тука ќе Ве дочекаат биле воени објекти во Балканските војни. Влезот во нив, отвора поинкво гледање на животот, од она на што сме навикнати на рингишпилот на градското секојдневие. Мислејќи дека животот не мели, но не е така….Овде престојувале нечии предци, пишувале писма семејни, пријателски…и секако од оние тајни писма, љубовни.
Сонувале….некогаш тагувале….но верувале дека добрината можеби ќе надвладее со светот. Еден ден….
Денес, многу децении подоцна…како да виси една недокажаност на овој простор. Денес, лишен од човечко присуство, што можеби е добро, за да нема негативно влијание на овој прекрасен и гол крај.
Истокот на Македонија има богати шуми во подножјата на планините, како исконски прашуми на Европско тло. А врвовите се голи и заоблени….а кога есента ќе дојде, тие бујни шуми на пониска надморска височина со столетни букови и дабови стебла, создаваат бајка. Уште небото ако Ви прати облаци, тогаш сметајте се за среќни луѓе. Ние сме….
Патеката во есен се трансформира во тепих од лисја. Не сретнавме ниту еден планинар, освен нас, па звуците на природата беа целосна звучна кулиса кога се ужива во мирот.
Од врвот имате перспектива на сокол на цел еден масив планини и заспани долини. Видиковец кој треба да се доживее. На хоризонтот се нижат венци од планини кои стојат во таа есенска раскош и имате впечаток дека ви се на дофат на раката…но, не се.
Ова е долга патека….преминува 20км. А колку има до соседните…..
Ако решите оваа доцна есен “да одите на планина”, нека тоа биде Осоговскиот масив…и од врвови, изберете го Царев Врв.
Зошто поубава есен и помистичен врв ние не сме почувствувале во нашите откривања на македонските планини, засега….И носете си лименка СКОПСКО SMOOTH со вас, ќе биде природно изладено од ветерот кој тука постојано дува. Голтки свежина со поглед на една прекрасна убавина.