Знаеме дека се ближат новогодишните и божиќните празници, кога ќе почнеме да ги забележуваме првите декорации низ градот, а полека но сигурно се чувствува и празничната атмосфера. Месецов го посветуваме токму на новогодишните и божиќните празници и ви предложуваме идеи што ќе го направат вашиот дом празнично катче за уживање.
1.Елка од фотографии
Размислувајте надвор од стандардите кога е во прашање креирањето на новогодишната елка. Наместо традиционалното дрво (природно или вештачко), создадете елка од фотографии што можете да ги залепите директно врз ѕидот или на подлога од дрво или од картон. Новогодишниот ефект ќе биде уште поголем доколку фотографиите се во празничен дух.
2.Зелено украсно венче
Украсувањето на надворешниот простор на домот дава убав белег на градот во зима. Доволно е да закачите венче што можете да го направите самите и/ли да изложите неколку новогодишни украси.
3.Минималистички детаљи
На вљубениците во минималистичкиот стил традиционалното китење можеби им е премногу, па затоа ситни детали можат да го внесат новогодишниот дух во домот без претерувања. Побарајте онлајн идеи што ќе ги пресоздадете самите.
4.Елка со несекојдневни украси
Сосема добра идеја е да ја украсите стандардната вештачка елка. Доколку сакате да внесете нешто шик, одберете несекојдневни лампиони и/ли врв за елката.
5.Елка за ѕидот
Детската соба е простор за креативно изразување – со вашите деца создадете елка од играчки или други предмети во домот. Како бонус ќе се забавувате при градењето на оваа „елка“.
6.Дрвен декор
Дрвените гранки можат да послужат при декорирањето, закачени врз трпезариската маса или како во случајов накитени наместо класичната новогодишна елка.