Телескопот „Џејмс Веб“ направил фотографија од ретка фаза од ѕвезда која е на работ на умирање. Оваа опсервација е меѓу првите направени од телескопот од неговото лансирање во 2021 година, но објавена е неделава. Инфрацрвените леќи го набљудувале гасот и прашината испуштени во вселената од огромна, жешка ѕвезда оддалечена 15.000 светлосни години. Една светлосна година е околу 9,46 трилиони километри оддалеченост.
Трепкајќи во виолетова боја како цвет од цреша, материјалот што го испуштила го сочинувал некогаш надворешниот слој на ѕвездата. Телескопот Хабл направил фотографија од истата транзиција на ѕвезда пред неколку декади, но изгледала само како огнена топка без деталите.
Ваква трансформација, според научниците се случува само со некои ѕвезди и вообичаено е последната фаза пред да експлодираат и да се претворат во супернова.
„Не сме виделе нешто вакво претходно. Навистина е возбудливо“, вели Макарена Гарсија Марин, научник од Европската вселенска агенција која работи на проектот.
Ѕвездата, дел од соѕвездието Сагита, официјално позната како WR 124, е 30 пати поголема од Сонцето.