Магазинот „Тајм“ во своето најново издание објави листа од топ 50 светски дестинации. Патувањето е повторно во подем во 2023 година но според магазинот „Тајм“ поголем интерес има за дестинации кои се автентични и одржливи. За да ја состави листата „Најдобрите места во светот“ и топ дестинации за посета, „Тајм“ оценувале номинации за места од нивната меѓународна мрежа на кореспонденти и соработници, со посебен акцент на тие што нудат нови и возбудливи искуства.
Резултатот е 50 далечни или познати дестинации од Гиза и Сакара во Египер, каде конечно е повторно отворен Големиот египетски музеј, до гастрономското место Дижон во Франција. Некои од дестинациите веќе практикуваат поодржлив турзиам за да ја зачуваат природната убавина на пример Архипелагот Туамоту во Француска Полинезија се движи кон тоа да дозволи само еден странски посетител по глава на жител. Други пак се развиваат и менуваат како градот Медејин во Колумбија што прераснува во вибрантна метропола во годините по смртта на Пабло Ескобар.
Целосната листа на дестинации видете ја на линкот.