Нашиот веќе докажан интернационален модел се најде на насловната страна на престижното модно списание во соседна Србија .Јанушева пред две недели беше во соседна Србија за да го изработи модниот едиторијал и насловната страна за најновиот број на модниот магазин. Како што веќе знаеме Татјана потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и веќе се подготвува за ново модно освојување. Последните две години работеше на одлични кампањи и за големи и докажани брендови додека престојуваше во модните центри Милано и Париз.
Кариерата успешно и ја води прекрасната Јелена Ивановиќ и целиот нејзин тим кои препознаа кај нашата убавица карактеристики на врвен светски интернационален модел . Горди сме на неа и нејзините успеси што докажуваат дека нашата земја има што да понуди во светскиот моделинг- велат од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.