Погледнете кои производи ги одбравме за одмор со сигурна заштита од сонце и нови мириси за сечиј вкус.
CLINIQUE Moisture Surge SPF 25 Sheer Hydrator крем за лице
Заштитете го вашиот сјај со новиот крем на Clinique со заштитен фактор 25. Одличен за чувствителна кожа, ја хидрира и е одлична основа за шминка.
SHISEIDO Synchroshield колекција за заштита од сонце
Производите за заштита од сонце Shiseido се преобликуваат со нова револуционерна технологија Synchroshield, која се спротивставува на промените во околината. Новите производи за сончање Shiseido ни овозможуваат безгрижно уживање на отворено во природата, а Shiseido пронајде начин како при контакт на кожата со вода и топлина да ја зголеми заштитата кај производите за сончање со СПФ-фактор пред УВ-зраците.
MADARA SPF 30 AGE-DEFYING крем за лице за заштита од сонце
Крем со минерални филтри што има широко-спектарна заштита од УВА/УВБ зраци. Ги спречува сите видови на оштетување од сонцето, вклучувајќи дехидратација, брчки, хиперпигментација, темни дамки и губење на волуменот.
DHYVANA SPF 50 пигментиран CC крем за лице за заштита од сонце
Крем со 100% минерални филтри што обезбедува широкоспектарна заштита од сонце. Со антивоспалителни ботанички екстракти од жалфија, рузмарин и мајчина душица.
BLACK UP антипигментен крем со СПФ 50
Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамид (витамин B3) и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и спречува да се појават нови. Кремот е збогатен и со витамин Е и Д-пантенолот-провитамин Б5.
Парфеми
FLOWER IKEBANA by Kenzo EDP
Flower Ikebana од Kenzo e нов цветен мирис за жени инспириран од јапонската уметност на аранжман на цвеќиња со рамнотежа што се потпира на три ноти. Горната нота е чај од хелда, средните ноти се цвет од цреша и индиска тубероза, а основните ноти се австралиско сандалово дрво, ветивер и кедар.
LA VIE EST BELLE IRIS ABSOLU by Lancôme EDP
Парфемот е волшебна интерпретација на култниот мирис. Средишна нота на овој мирис е ирис, состојка со долгогодишна историја во парфемската индустрија, која е добиена преку одржлив развој во Франција. Нотата на црна рибизла им дава свежина на млечните ноти на смоква, додека волшебниот пачули и гурманската ванила се она што го поврзува овој мирис со оригиналниот парфем La Vie est Belle.
KENZO HOMME EAU MARINE
Нова композиција на машки парфе инспирирана од свежината на солената вода што ја допира кожата. Иконскиот акорд Marine е комбиниран со соларни ноти на иланг-иланг и сензуалниот мошус и сандалово дрво. Направени се четири интерпретации на мирисот од најсоларен до најинтензивен.