Вчеравечер се отвори дваесет и второто издание на Моден викенд Скопје со македонски дизајнери и странски брендови. Дваесет и второто издание на настанот претставува заедничка соработка меѓу тимот на Моден Викенд Скопје и тандемот од агенцијата ONLYAFEW, со една и единствена цел – да им пружи максимална поддршка на креативните дејци во моментот, со внимателна селекција на учесници кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата, позитивно влијаејќи на свеста на заедницата.
Во рамки на тридневниот поп-ап шоурум „Свесна Мода“, публиката сè уште има единствена прилика да го посети изложбено-продажниот салон во Јавна Соба и си купи уникатни креации на големи попусти од петнаесетмината македонски дизајнери и странски брендови, чиишто колеции се достапни по максимално поволни цени. Списокот учесници на ‘CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM’ го сочинуваат низа еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство, како Irina Tosheva, Evgenija Zafirovska, Terziya, Stefanija Naseska, Para Todos, Minnimal MK, Kotev Ksenija, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Senka, Lipa, Saksija Urban Pots, Siidess Furniture…Експонатите ќе може да се купат со големи попусти на принципот ‘See now – Buy now’.
Meleem (маица), Minnimal (палто), Pssbl (чанта), Irina Tosheva (панталони), Kotev Ksenija (накит)
На програмата се и арт инсталација од Цветна Фабрика и MG Art, изложба на студентите од академијата за моден дизајн при школата Џолев и Уметностите, едукативно предавање од Модна Револуција, музички перформанс на Јон Бела и гурмански веге задоволства. Денес (02.10) и утре и (03.10) влезот е слободен и за сите заинтересирани посетители од 10 до 22 часот.
За време на настанот се применуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.
Seddum (фустан), Kotev Ksenija (накит)
Stefanija Naseska (блуза), Kotev Ksenija (накит)
Minnimal (фустан), Tessuti Art (корсет), Kotev Ksenija (накит)
Irina Tosheva (топ и панталони), Kotev Ksenija (накит)