После скоро две години пауза од настани во живо, „Скопски Грув“ се враќа со прослава на четвртата година од постоењето. Забавата е закажана за оваа сабота, 18.12, со почеток на полноќ во клубот „Епицентар“.
Гости се Phillie P и Little Lu, членови на еден од најсериозните Белградски колективи Mystic Stylez, чие претходно гостување беше откажано со почетокот на пандемијата во март 2020.
Локалната поддршка е од членовите Nastasyakish и Double G, како и соодветно загревање во Makka Bar со Hambar и Emily. Како секогаш фокусот е ставен на креирање на пријатно и комотно аудио/визуелно доживување, па пристуните ќе имаат можност да го доживеат клубот во сосема поинакво светло.