Деветтата продажно-сервисна точка на “Мотоцентар“, именувана како “Мотоцентар Галерија” со локација во трговскиот центар “Скопје Ист Гејт“, официјално започна со работа. На посетителите сега им се овозможува да закажат термин, да го остават своето возило во новиот сервисен центар и да уживаат во шопингот додека нивното возило добива нови пневматици, фелни или пак се сервисира.
“Мотоцентар Галерија” е распространета на вкупно 400 м2, на две нивоа. Составена е од продажно-изложбен салон (ниво -1) и премиум сервисен центар (ниво -2). Со фокус на врвен квалитет, функционалност, но и на естетика, во својот продажно-изложбен салон, “Мотоцентар Галерија“ овозможува понуда на врвни пневматици составена од светски реномирани брендови, фелни од познатиот италијански производител, автомобилска галантерија и козметика, како и повремена презентација на возила. Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите “Мотоцентар“ центри, премиум сервисниот центар во рамки на “Мотоцентар Галерија“ се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар. Една од нив е машината за дијагностика на пневматиците со која се врши проверка на пневматикот за статусот на неговата искористеност (изабеност), со прецизност од највисок степен. Дополнителна новина се и машините за внатрешно чистење на фелни. Со имплементација на најновите технолошки решенија од оваа област, “Мотоцентар Галерија“ ги доближува светските трендови до нашите корисници, водејќи грижа за нивната
“Водејќи се од современите животни текови и навики, како и од потребите на нашите Клиенти како што се зголемена мобилност и се помалку слободно време, во изминативе неколку години “Мотоцентар“ започна да еволуира од сервис за пневматици во “One Stop” сервис за возила, лесни и товарни. Во оваа насока, и покрај препреките со кои целиот свет се соочува во изминативе две години, се одлучивме на храбар потег – направивме детални процени и анализи и земајќи ги предвид побарувањата на Клиентите, го збогативме нашето “Мотоцентар“ семејство со нов, премиум формат – “Мотоцентар Галерија“. Она што “Мотоцентар Галерија“ ја двои од досегашната наша понуда е пристапот кон времето на потрошувачот, како можеби највреден ресурс во ова динамично доба. Накусо, на нашите корисници им нудиме премиум понуда и светско сервисно портфолио, единствено во нашата Држава, сето тоа додека може да уживаат во шопинг низ трговскиот центар. Тоа е концептот на “Мотоцентар Галерија“, г-дин Горан Гроздоски, Сопственик на “Мотоцентар“.
Сите ентузијасти, љубители на автомобили и оние кои грижливо и посветено ги одржуваат своите возила, може да ја посетат “Мотоцентар Галерија“ во “Скопје Ист Гејт“, секој ден, во период од 10.00 часот до 18.00 часот.