• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

Annie’s Food Feed – Пудинг од мандарини

јануари 19, 2021

Види

Бојан Јанев DJ Soul Case – „Најдобрите забави се без претенциозност и его, со публика што сака да излезе од комфортот“

јануари 19, 2021

Види

Архитектките Милојеска, Мицевска и Андонова – „Градскиот ѕид е урбанистички гест и го обвиткува како бедем центарот на Скопје“

јануари 18, 2021

Види

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

јануари 15, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Новости, Уметност

Серија портрети што ја слават женската убавина направени преку Zoom

ноември 29, 2020

Серија портрети што ја слават женската убавина направени преку Zoom

Како и сите артисти чија работа зависи од близината до нивниот субјект фотографката Александра Лис за време на карантинот почна да работи со нови техники со цел да создаде слично ниво на интимност.

„На почетокот на карантинот бев премногу обземена со настаните во светот и не бев толку инспирирана да создавам, да работам, едноставно не бев фокусирана. По неколку недели, анксиозноста ја канализирав во проект и така започна сè“, вели Александра.

„Проектот е за нас и за нашата врска со телата. Се работи за преземање контрола врз тоа како се гледаме и сакаме себе во општество кое постојано ни кажува како тоа треба да изгледа. На почетокот беше малку чудно бидејќи беше ново искуство за сите и имавме бариера пред нас. Не е ниту лесен процесот, постојано да им велиш на жените да го поместуваат лап топот или телефонот за да се добие потребната фотографија, мораше да има јасна комуникација и разбирање. Но, штом навлеговме во работата повеќето брзо се опуштија и се фокусиравме да создадеме заедно нешто специјално“.

Без овој нов пристап, книгата Me + Mine на Лис немаше никогаш да биде создадена. Отворајќи граници, веб камерата и даде на Александра пристап до модели и музи од секаде низ светот, од Хаваи до Кина. „Беше неверојатно да се запознаат жени од многу различни култури и да се соединат за еден проект. Вообичаено сум привлечена од самоуверени жени, кои се познаваат себеси преку прифаќање и труд да преминат преку своите несигурности. Мислам дека ова бара сопствена сила и тие се трудат да ја споделат таа енергија“, дополнува Александра.

Me + Mine дизајнирана од Ева Назарова содржи портрети на голи жени фотографирани преку Zoom разговори. Во книгата се опфатени 44 жени и една силна порака: „Ова сум јас и ова тело е мое, знаејќи дека еманципирањето доаѓа од нас самите, со силата на заедништвото додека го делиме ова патување“ вели Александра.

„Ова е година на интроспекција, што навистина може да биде тежок процес, но исто така ми овозможи подобро да се запознаам себе и работата што сакам да ја креирам“, завршува Александра.

Извор: i-d.vice.com

Сподели

Претходен напис

Фотограф на неделата –…

Во Новости

Фотограф на неделата – Петар Аврамоски

Прочитајте повеќе

Следен напис

[Рецензија] Miley Cyrus – Plastic…

Во Музика

[Рецензија] Miley Cyrus – Plastic Hearts

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Новости

Annie’s Food Feed – Пудинг од мандарини

Прочитајте повеќе

Во Музика

Бојан Јанев DJ Soul Case – „Најдобрите забави се без претенциозност и его, со публика што сака да излезе од комфортот“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Архитектките Милојеска, Мицевска и Андонова – „Градскиот ѕид е урбанистички гест и го обвиткува како бедем центарот на Скопје“

Прочитајте повеќе

Во Новости

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Елена и Игор Петрови: „Чудата се можни само со позитивна мисла“

август 12, 2020

Види

TrekkМe – Две девојки кои нудат незаборавни домашни вкусови и уникатни планинарски тури од Охрид

јули 31, 2020

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

октомври 23, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment