На 08.11.2024, петок во 19 часот во Пионери, доживејте ја перформативната инсталација РАДИКАЛНА ЕМПАТИЈА на концептуалната и перформативна уметница Јулија Кастелучи. Користејќи го текстот како перформативен медиум, поттикнат од радикалната емпатија, Јулија создава емотивни пораки преку нејзините интервенции во јавниот простор. Нејзиното дело „НЕ БРИНИ“ не е уметност за пасивно гледање; тоа е покана за разбирање и поврзување, вдахната од духот на текстуалните перформативни дела во современата уметност. Делата на Кастелучи не потсетуваат дека радикалната емпатија може да внесе длабочина и автентичност во комуникацијата помеѓу луѓето. Не го пропуштајте ова единствено искуство!
Јулија Кастелучи е концептуална и перформанс уметница. Работи на полето на временската и просторната уметност чиј имерсивен пристап ја опфаќа звучната уметност, глас | видео | инсталации | интервенции во просторот во форма на звучна скулптура. Постојано инкорпорира особени лични теми и мотиви. Хуморот и сатирата се често присутни во нејзините дела, комуницирајќи со публиката во вербална, визуелна, звучна или писмена форма. Нејзината автентичност како звучна скулптура лежи во префинетата вокална естетика, тембр и фреквенцијата на гласот што ја прави врската помеѓу исконскиот и современиот вокален израз. Со својот глас таа создава апстрактен, емотивен цртеж на времето и просторот во кој се наоѓа. Јулија Кастелучи заедно со Сања Латиновиќ, Соња Радаковиќ и кустосот Јована Стокиќ влезе во потесниот избор за претставник на Србија на 60. Биенале во Венеција за 2024 година со проектот „Итен излез“. Моментално живее и твори во Белград.