Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси. Заедно со нашите соработници Роса вода ја создадовме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата во пролет и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот.
Сања Спасовска испиша нова спортска страница, кога за првпат во македонската сноуборд историја, се пласираше во први 30 натпреварувачки во светски рамки. За убавината на зимските спортови, но и за важноста на здравиот живот и добра хидратација таа разговара со својот пријател фитнес тренерот Бојан Николовски во нашата рубрика На прошетка со Роса.