House of Creed со задоволство го најавува своето најново издание во парфемското портфолио, Queen of Silk, кое е лансирано во мај2024. Queen of Silk го отелотворува раскошниот сјај и етеричнатамекост на свилата, оставајќи трага на сензуална привлечност која ги плени сетилата.
Најавувајќи хипнотизирачка магија над сите што ќе се сретнат сонеа, Queen of Silk се појавува како нов, волшебен мирис од House of Creed. Опоен мирис инспириран од елеганцијата на свилата, позната по својата безвременска убавина и нежен допир.
Мирисна таписерија исткаена од состојки кои евоцираат далечни земји каде некогаш патувало ова богатство, Queen of Silk ги комбинира жестоките цвеќиња и плодовите на кинескиот османтус, јаванскиот пачули и тубероза со сложените дрвенести ноти на кедар и агар, надополнети со нежната ванила Мадагаскар и богатиот килибар.
Исцртувајќи ја вечната фасцинација на оваа прекрасна ткаенина, чии парадоксални квалитети и даваат сила и нежност, Queen of Silk, ја обвива кожата со нежен допир, оставајќи трага на долготрајна сенузалност која трепери во воздухот со прозрачна енергија.
Вистинско модерно олицетворение на најстарото богатство, Queen of Silk е мирис кој ве носи надвор од времето, додавајќи магија на привлечност и грациозност, хармонија на софистицирани ноти проткаени со современ шмек, кој ве носи во свет на заводливост и неспоредлива елеганција.
Спецификација:
Горни ноти: Османтус, Магнолија, Шафран
Средни ноти: Тубероза, Пешн фрут, дрво Агар, Јавански пачули
Долни ноти: Ванила од Мадагаскар, Темјан, Мирта, Амброксан, Кинеско кедрово дрво, Мошус.