Фросина Пeтковиќ зад себе има долгогодишно искуство во современата нега на кожа. Нејзиниот козметички салон Perfect Line, кој постои од 2007 година, прерасна во вистински центар за убавина, каде што таа ги практикува најсовремените Phi третмани, сертифицирани однајголемата глобална академија за нега на кожа и трајна шминка – Phi Academy.
Повеќе од 15 години се занимавате со современа нега на кожа и заслужни сте за блескавиот изглед на многу задоволни клиенти. Како започна вашата љубов кон оваа професија?
– Љубовта кон козметиката кај мене се јави уште оддетството, кога првпат почнав да осознавам и да истражувам техники, методи и новитети во грижата за убавината. Како што созревав, решив сериозно да се посветам на тоа, па козметиката ми стана професија. Најпрво станав козметички техничар, потоа извесен период поминав на студии по медицина, за повторно да се вратам во светот на современата козметика. Се охрабрив и отворив свое студио, но клучно за мене беше надградувањето на Phi Academy, престижна, глобална академија, која важи за број 1 во оваа област. И можам да кажам дека тоа е процес што трае – технологијата толку брзо оди напред, што мора постојано да се надградувате ако сакате да останете во чекор со трендовите. Посебен предизвик ми се Phi третманите кои преку стимулација на способноста на кожата да создава колаген доведуваат до неверојатни резултати, без разлика дали зборуваме за подмладувачки ефекти, третман на чувствителна и прекумерно масна кожа со акни или, пак, пигментни дамки, проширени пори итн. Тие, заедно со современите методи за трајна шминка се неверојатен рецепт за #PhiУбавина.
Зборуваме за Phi третмани, Phi академија, Phi Убавина. Но што всушност значи Phi?
– Во суштината на сите Phi третмани е златната пропорција, позната и како златен број или божествена пропорција. Тоа е сооднос меѓу 2 броја, кој е приближно еднаков на 1,618. Златната пропорција е присутна насекаде низ природата, па и на човековото лице и тело. Сите Phi третмани се базирани на таа златна пропорција. Нивната прецизност се должи на специјално развиена апликација преку која се изведува цртањето што е основа на трајната шминка. Преку апликацијата точно се одредува и типот на серум што се применува кај секој клиент посебно, како и количествата, комбинациите и, секако, посттретманската нега што ја добивате од нас за првите неколку дена.
Кажете ни нешто повеќе за Phi третманите. Што значи сертификатот од Phi Academy?
– Phi третманите се резултат на најсовремениот развој на козметичката технологија. Во основата на третманите за нега на кожа е микронидлинг, кој е надграден со Phi методи и продукти. Базирани се на стимулација на природната способност на кожата да создава колаген и да се обновува во тој процес. Меѓу најпопуларните е PhiIon или јонска плазма, нехируршки третман чии ефекти се споредуваат со ефекти од естетска хирургија кога зборуваме за отстранување длабоки брчки, подигнување на очни капаци или затегнување на опуштена кожа. Воедно тоа е единствениот третман со кој е можно да се третира кожата на вратот. Буквално ги брише трагите од времето – ефектите се неверојатно подмладувачки. PhiBright e вистински еликсир за сите типови кожа. Се користи и за неутрализирање на ситни брчки, за третман на проширени пори, за кожа со акни и едноставно за да ја затегнете, да ја направите поеластична и да ѝ го вратите сјајот на вашата кожа. Од друга страна, во основата на техниките за трајна шминка е микроблејдинг, кој повторно е надграден со Phi методи, меѓу кои секој клиент може да го пронајде она што е најсоодветно за него. На пример, кога зборуваме за трајни веѓи, може да изберете меѓу PhiBrows, ShadowBrows и PhiShading, во зависност од тоа колку истакнати или засенчени контури му одговараат на вашето лице. Многу баран е и PhiLips третманот за трајна шминка на усните. Освен што ја олеснува работата во поглед на секојдневната дневна шминка, нуди можност и за корекција на евентуална диспропорција на усните и визуелно зголемување на волуменот. Сертификатот е од непроценлива вредност во оваа индустрија, бидејќи е гаранција за квалитет и сведоштво за завршена едукација на глобално престижна академија.
Како се негува кожата по трајна шминка и што треба да знае секој што сака да ја применува?
– Трајната шминка е техника која се користи за да им гоолесни секојдневието на жените што имаат многу динамичен живот и не сакаат да губат време на шминкање. Со трајна шминка може да се менуваат густината и обликотна веѓите, да се истакнат контурите на усните, да се исцртаат очите, капаците да се истакнат со молив за очи и сл. Морам да нагласам дека трајната шминка е техника, којасè уште предизвикува предрасуди, односно има луѓе што несе доволно информирани. На пример, постои предрасудадека трајната шминка изгледа нападно и неприродно, но сомодерните техники и вештини на артистите, благодарение на Phi методите, денешната трајна шминка може да бидемногу дискретна и нежна. Исто така, честопати клиентите мислат дека е многу болна постапката, но ние користимеделикатна опрема, која дава одлични резултати без да ја оштети кожата. Освен тоа, целата постапка се работи подлокална анестезија. Негата на кожата по трајната шминка е многу важна и таа треба да се применува редовно и задолжително. Секој клиент добива детално упатство како да постапува. Правилната нега по трајната шминка може да ги спречи несаканите компликации, но и да ги истакнеизработените области од лицето.
Вие сте сведок на искрено задоволство и убави емоции, по успешните лични трансформации. Колкузадоволството на вашите клиенти е ваша инспирација?
– Чувството кога гледате задоволен клиент не се опишува, тоа ме инспирира да работам уште понапорно и да имовозможам на моите клиенти врвна услуга и квалитетнитретмани. Честопати со третманите се коригираатнедостатоци, а тоа е многу чувствителна тема, па затоавнимавам во секој момент да се чувствуваат сигурни и безбедни. Многу е важно клиентот да има доверба во вашатапрофесионалност и да знае дека доаѓа во сигурна срединакаде што ќе ја добие бараната услуга, извршена на највисокоможно ниво. Пред секој третман, додека траат консултациите, настојувам детално да го информирам секој клиент за самиот третман, што да очекува додека трае процесот, какви резултати да очекува и како да продолжи со негата. Задоволството на нивните лица по добро завршениоттретман е моја најголема награда.
Во денешно време постојано се водат различни дискусииза опседнатоста со изгледот и нереалната искривенаслика за убавина што ја наметнуваат социјалнитемрежи. Што вие би препорачале да се вклучи во редовната грижа на кожата на лицето, за најдобрирезултати?
– Низ историјата повеќепати се менувале најразличниидеали за убавина, но според мене вистинската убавина доаѓа кога ви е удобно во вашата кожа. Грижата за вашето лице и тело треба да е грижа за вашата благосостојба. Ние им овозможуваме на нашите клиенти да се чувствуваат убаво во својата кожа. На младите лица им порачувам да не ја градат сликата за себеси врз база на она што го гледаат на социјалните мрежи. Подобро од секој филтер е континуирана грижа за себе. Во периодот кога личноста се формира, важно е да се определи соодветна нега од стручно лице и, пред сè, да се даде препорака за соодветен хигиенски третман. Phi третманите, како што кажав, се базирани на стимулација на природната способност на кожата да создава колаген и да се самообновува во тој процес. Тие се најпрво начин кожата да се одржи млада и сјајна, а потоа да се ублажат трагите што времето неминовно ги остава кај секој од нас и значително да се намалат.