Родителите играат клучна улога во обликувањето на навиките и изборот на животниот стил на нивните деца. Со тоа што им даваат приоритет на сопственото здравје и благосостојба, родителите даваат позитивен пример што треба да го следат нивните деца, но и можат да всадат доживотни навики од најмлада возраст. Токму затоа заедно со нашите соработници Роса вода, водиме разговори и даваме позитивен пример за поединци кои внимаваат на себе и својата благосостојба. Овој месец уживавме во разговорот со Моника Зец Медуњанин, графичка дизајнерка, блогерка и сопственичка на мал бизнис, за нејзината грижа и посветеност на всадување здрави избори за своето семејство.
Вашата професија графички дизјанер, како и областа во која работите како сопственичка на мал бизнис се тесно поврзани и за нив треба да сте креативни и динамични. Во кој дел од работата најмногу се пронаоѓате и што ве исполнува?
Верувам дека креативноста е доблест во секоја професија и колку повеќе една личност ја користи во текот на секојдневието (без разлика дали се работи за приватниот живот или за професионалниот) толку посреќна и поисполнета ќе биде. И најискрено во водењето на мојот мал бизнис креативниот дел премногу ме исполнува. Играта со бои, композиции, поставување на самите производи дали е за фотографирање или за изложување, креирање на некаков промотивен материјал е нешто во кое целосно уживам и се пронаоѓам.
Вашите следбеници на Инстаграм имаат можност да уживаат во вашето секојдневие, да добиваат корисни совети, рецепти, но и можност да комуницираат со вас за различни аспекти на мајчинството. Кои се придобвките на социјалните мрежи како поттикнувачки заедници?
Социјалните мрежи за мене лично се еден канал за огромен раст и развој на многу полиња, ако се користат така. Благодарение на нив јас успеав да основам свој бизнис, благодарение на нив јас секојдневно го водам мојот бизнис, јас имам канал за комуникација во кој можам да ги искажам сите мои некажани мисли, ставови и сл. Да споделам нешто кое на некој друг може да му биде корисно, исто како што и мене ми било пред „хх“ време. Јас мислам дека социјалните медиуми имаат огромен број на придобивки, но само ако се користат за таа намера.
Кој е најдобриот професионален совет по кој се водите во донесување на професионалнитев одлуки?
Бизнис совет искрено немам добиено до сега некој толку моќен по кој би се водела, но секогаш за донесување на одлуки ја слушам мојата интуиција. Јас верувам дека секој бизнис е толку уникатен и премногу е тешко едно нешто да е применливо за сите. Зошто позади секој бизнис стои уникатна инвидидуа. Ако силата и енергијата ги насочиме кон нас и нашата бизнис персона мислам дека голем број на бизниси ќе бидат доста поупешни.
Со кои секојдневни предизвици се сретнувате во блансирање на мајчинството и професионалниот живот?
Безброј предизвици, но токму тоа и е поентата на животот. Но најголемиот предизвик е времето и како да бидам присутна и на двете места подеднакво.
Покрај здравата исхрана, доволната хидратација е основен предуслов за здрав живот. Дали внимавате вашето семејство да внесува доволно вода?
Премногу внимавам на ова! Јас верувам дека здравјето доаѓа преку стомакот, па така здравата исхрана и хидратацијата ми се на врвот на мојата листа на приоритети за мене и моето семејство.
Секој родител има вистински предизвик, да ги отргне своите деца од прекумерно користење на електронски уреди, но и да поминува време со нив, во допир со природата. Како вие го менаџирате ова и кој е вашиот став на оваа тема?
Со оглед дека моите деца се сé уште мали и допирот со електронските уреди кај нас е сведен на минимум, односно само ТВ и тоа за викенди, јас го немам тој проблем. Едноставно тоа е нашиот животен стил и ние на тој начин фунционираме. Јас сум голем противник на користење на електронските уреди особено кај малите деца и постојано знам да кажам, да беа телефоните за деца ќе пишуваше на нив 0+ , но не се и не треба да бидат.
Родителството е огромен предизвик за секој од нас, особено со динамиката на секојдневието, и посегнување по телефонот по некогаш e најлесна и најбрза опција, во целост го разбирам тоа, но последиците од тоа знаат да бидат фатални по здравјето на детето. Јас сакам моите деца да останат што подолго деца, и гледам на секој можен начин да им го овозможам тоа. Детството е еден од најмагичните периоди кој вреди да се сочува во таа невина форма.
Која е најважната лекција што ја научивте од вашите деца?
Секој ден учам по нешто ново од нив, и таман ќе помислам ок се стабилизиравме, БУМ нова лекција за учење добивам од двајцата посебно. Шега на страна најголемата лекција што секојдневно ја учам е свесно живеење на мојот живот! Да бидам присутна тука и сега. Зошто минатото поминало, иднината е таму некаде. Се што имаме е сегашноста!